Скандинавија и Финска

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување
Поени за стан....?

Не те разбирам..... зар нема да се најде обичен стан за изнајмување?

За обичен стан правиме муабет. За да имаш право да изнајмиш стан, мораш да имаш одреден број на поени (освен ако не добиеш стан од држава или работодавец). Е сега, можеш да најдеш и да договориш со некој што веќе изнајмил стан под кирија, ама не сака да живее во него и него да му плаќаш. Тоа е на црно и си носи мал ризик.
 
Еми пред да пристигнеш, пожелно е да имаш нешто кеш за првите два месеци, да речеме, додека ти трае потрагата по работа.
Смештај најчесто се бара преку gumtree.co.uk , а исто и работа може да бараш преку истиот сајт.
Има мноооогу сајтови за работа и треба да се внимава на што се аплицира, пошто мене првите месеци ме отекоја агенции за вработување, а и со една агенција немав баш пријатно искуство.
Откако ќе најдеш работа, све е полесно. :D
Потоа е битно да го научиш јазикот, затоа што говорен англиски е поразличен од тоа што го гледаш по филмови и на BBC News.Исто така во Лондон во рок од 5 минути може да чуеш Јамајкански, Нигериски, Руски дијалект и на почеток е малку проблематично додека ти влезат сите во уво.Да не ги спомнувам северњаците или ирците, боже сачувај, додека се разбереш, поминал денот.
Јас немам контакт со македонци, самиот избрав така, не сакам да влезам во тој затворен круг, а и сакам јазикот да го научам одлично.Има македонци тука што не го знаат јазикот и после 20 години живеење, од таа причина што се движат во едни те исти кругови.
Ми запнаа за Велигден да одиме во македонска кафана и на крај кога дојде сметката, дојде на ливче напишана и 7 фунти поголема отколку што треба.
Е тоа ти е македонче, прв и единствен пат да видам сметка на лист и некој да проба да ме украде тука.
Тоа ми текнува сега за сега. :)

Со каков пасош замина ти ако не е тајна,слушам муабети дека многу тешко било во англија да се пристапе освен ако не си роден таму и такви некои глупости точно ли е тоа ? :)
 
Со каков пасош замина ти ако не е тајна,слушам муабети дека многу тешко било во англија да се пристапе освен ако не си роден таму и такви некои глупости точно ли е тоа ? :)

Имаш повеќе варијанти.Можеш да поднесеш за Тиер 2 или Тиер 4 виза.Тиер 2 ти е виза за високо квалификувани(како сина карта), а Тиер 4 ти е студентска виза.
Со студентска виза имаш право да работиш максимум 20 саати неделно.
Друга варијанта ти е бугарски пасош па да работиш како селф-имплојд или да чуваш деца.
Можеби има и други начини, ама не сум запознаен.
 
Од Шведска за Англија и Америка...има некој за Чиле и Велигденски острови да каже нешто??:D
ехехееееееееееее уште колку има
за Таџикистан, Узбекистан, Казахстан, Киргистан, Турменистан.....
 
Баце ти си решил да не иселиш сите од државава.

Хрватска изгледа има таква намера за своите граѓани
им дели стипендии и прилика за работа во Германија на сите хрватски жители - предност невработените
http://www.smucalica.com/2012/09/18/dijele-stipendije-i-nude-priliku-za-rad-u-njemackoj/
 
Ќе остане дупка од метеор овде како ми се чини и тоа не за толку многу светлосни години...е сега останува прашањето дали во 100 чекори или на 15-ти Септември:D
 
Ја колку шо разбрав досеа шо сум читал.... и за оние кои се со “европски пасош’ им треба понуда за работа или работа!

Него ако е некој од тука по Скандинавските земји...... нека каже дали е потребен “Скандинавски“ јазик..... или може да се живее и работи и со Англискиот?

За европјани не е потребна понуда за работа а јазикот да го учиш те спонзорира државата. Без јазик потешко за работа освен ако не си некој ептен стручен сурат што во моментот им фали па да се стуткаш и со тек на време да научиш јазик. А инаку англискиот го владеат подобро од англичаните. За европејците од исток имаш на
http://ec.europa.eu/eures/main.jsp?...G&accessing=0&content=1&restrictions=1&step=2
http://ec.europa.eu/eures/main.jsp?...G&accessing=0&content=1&restrictions=1&step=2
http://ec.europa.eu/eures/main.jsp?...g=0&content=1&restrictions=0&step=1&acro=free
http://ec.europa.eu/eures/main.jsp?...g=0&content=1&restrictions=0&step=1&acro=free
http://ec.europa.eu/eures/main.jsp?...G&accessing=0&content=1&restrictions=1&step=2
 
Пејо како шо разбрав сајтот важи само за Бугарите и Романците за жители вон Еу неважи така ?
 
Пејо како шо разбрав сајтот важи само за Бугарите и Романците за жители вон Еу неважи така ?
Таму се еднакво третирано како и останатите европјани а за нас друг е тертипот, ебаго:(
 
Дури и со европски пасош, ако немаш причина (соживот, брак, работа, школување, фамилија) за да останеш во земјата, имаш право на престој само три месеца.

На државата и е битно да не паразитираш. Ако твојот/твојата партнер/ка или фамилија нема пари да те издржува, не можеш да останеш. Ако немаш договор за работа, не можеш да останеш. Имам пријателка од Романија, венчана е во Шведска (не со швеѓанец), ама и двајцата немаат работа и ако сакаат да останат, мораат да најдат работа, без оглед на тоа што таа и нејзиниот син учат шведски.
 
Нормално, никој не сака социјалци на врат, инаку шведскиот ќе беше втор службен јазик после бугарскиот, по рамковен договор:D
 
И те како корисни линкови за љубители на Шведска.


http://lostinstockholm.com/2009/11/05/living-in-sweden-finding-an-apartment/

http://lostinstockholm.com/2011/05/09/cost-of-living-in-stockholm/

Разлистајте малце им и други статии поврзани со овие. Оригинално ја доловуваат ситуацијата во која ке се најдете доколку решите за преселување во Шведска!
 
Доста реално ги опишал трошоците и платата

In all, my costs are:
7500 on fixed costs
+ 4910 on variable costs
= 12410 Total kronor per month
Now, let’s factor in that you make 20000SEK after taxes in Stockholm, a solid, average salary.

Со 2000 евра плата (20000СЕК), за трошоци за живот се трошат 1200-1300 евра. Значи ти остануваат 7-800 евра за штедење и инвестирање во иднината. Ако живееш со девојка/сопруга тоа се околу 1500 евра заштеда двајцата.
 
работа на фарми во Данска
плата 1500 евра- без претходно искуство и познавање англиски колку за да се разберат - ништо екстра

http://www.icb-trucking.com/uk/contact.php
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom