Шведска.
Зависи за каков европски пасош станува збор. Да, за некои од нив важи она дека мораш да најдеш или работа или човек што ќе те повлече, но во секој случај, со било кој европски пасош имаш повеќе бенефиции отколку со македонски и можеш многу полесно да добиеш право на престој (понатаму и пасош).
За работа... Можеш да се снајдеш и само со англиски ако имаш среќа, ако немаш, ќе мораш да подработуваш работи за кои не ти е потребна комуникација со народ. Само, многу се лутат ако не им го знаеш јазикот, а сакаш работа
Ти се нуди бесплатно учење јазик и јазикот МОРА да го научиш ако сакаш да престојуваш на подолг рок. Само со англиски дури и дојденците се подразмислуваат дали да те примат.
Стандардот е повисок отколку во Македонија, ама не очекувајте ружи да ви цветаат. Доколку работодавец не ти нуди работа, или имаш некој што ќе те повлече таму и ќе ти даде покрив над глава, или па доаѓаш да се школуваш (зборувам за факултет).... Немаш каде да престојуваш! За да земеш стан под кирија, потребни ти се поени, кои ги добиваш со чекање, откако ќе се пријавиш за стан.