Еми пред да пристигнеш, пожелно е да имаш нешто кеш за првите два месеци, да речеме, додека ти трае потрагата по работа.
Смештај најчесто се бара преку gumtree.co.uk , а исто и работа може да бараш преку истиот сајт.
Има мноооогу сајтови за работа и треба да се внимава на што се аплицира, пошто мене првите месеци ме отекоја агенции за вработување, а и со една агенција немав баш пријатно искуство.
Откако ќе најдеш работа, све е полесно.
Потоа е битно да го научиш јазикот, затоа што говорен англиски е поразличен од тоа што го гледаш по филмови и на BBC News.Исто така во Лондон во рок од 5 минути може да чуеш Јамајкански, Нигериски, Руски дијалект и на почеток е малку проблематично додека ти влезат сите во уво.Да не ги спомнувам северњаците или ирците, боже сачувај, додека се разбереш, поминал денот.
Јас немам контакт со македонци, самиот избрав така, не сакам да влезам во тој затворен круг, а и сакам јазикот да го научам одлично.Има македонци тука што не го знаат јазикот и после 20 години живеење, од таа причина што се движат во едни те исти кругови.
Ми запнаа за Велигден да одиме во македонска кафана и на крај кога дојде сметката, дојде на ливче напишана и 7 фунти поголема отколку што треба.
Е тоа ти е македонче, прв и единствен пат да видам сметка на лист и некој да проба да ме украде тука.
Тоа ми текнува сега за сега.