Јас бе господа синови на Александар македонски не можам да ве образовам тука, барем не вака преку ноќ на форум. Научете се добро да прочитате и да сватите. Ако го направевте тоа , нити мене ќе ме мачевте со глупости , а и себеси немаше да одземете слободно време, сеуште цитирате без везе.
Дали мене ми смета македонскиот јазик да може да се употреби во Албанија , таму кај што има македонци во доволен број?
НЕ МИ СМЕТА, особено ако тоа е издржано со закон и почитувајќи ги официалните топоними. Ако не е уредено со закон, јас подржувам да се донесе закон за употреба на македонскиот јазик
Ми смета што општина Гази Баба скока и се меша во внатрешните работи на соседна држава, донира државни пари одредувајќи како треба да изгледат патоказите во Албанија , но затоа истата општина бега од одговорност кога се работи за поставување на двојазични и тријазични патокази во Гази Баба, иако со закон тоа мора да го сторат.
Еве што вели Уставот на Македонија:
Ако на почеток сте прочитале добро, ќе разберевте што е целта на темата, ете на моето прво објаснување што напишав:
http://forum.kajgana.com/showthread...ари-патокази&p=4222675&viewfull=1#post4222675