Синхронизација на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Ја гледав рекламата. Жалосно. Тоа гласовите незнам....кај шпанска серија, кај синхронизирана на македонски. 2 причини зошто да не станам во 9.
 
Првата епизода секако ќе има висока гледаност, ама се надевам дека понатаму ќе опадне на 10 гледачи. :pos2: Добро е што нашите телевизии не мерат дневна гледаност, туку месечна (мислам дека). :)

Ако се покаже како неуспешно после еден месец, ќе ја доемитуваат со титлови. :pos2: Да не им пропадне серијата.

Утре ќе видиме што чудо направиле. Голем скептик сум за ова.
 
Синхронизација на цртани е нормална работа, таму нема реални глумци, па ок е. Ама на филм е катастрофа. Полошо од синхронизација нема. Сепак ќе одгледам некоја епизода од серијава, ќе има смеење:pos2:
 
Само што ја видов рекламата и се запрепастив
не можев очи да одвојам....значи генијални се за ова секоја чест
мислам дека пронајдоа лек против депресија:pos2:
 
Со нетрпение го очекувам утрешниот термин од 9 часот. :pos:
 
а ќе има реприза покасно? :kesa:
 
Од она кое го видов во најавата за првата синхронизирана серија, заклучив дека звучи и изгледа многу одвратно. Како прво, гласовите не се погодени со ликовите, а како второ нема скоро никаква глума при зборувањето. Кај филмовите, синхронизацијата е непотребна. Оригиналниот глас си е единствен кој може да одговара на ликот на актерот.
Сепак, способни сме и да читаме и да гледаме истовремено. А и кој од нас не разбира пола од шпанскиот јазик?:kesa::)
 
Значи,сериозно ќе почнам да размислувам дали да станам утре во 9.:nesvest:
Колку што знам во шпанскиве серии има и многу плачење,дерење,хистерија...како ќе го изведат тоа си знаат само тие,а за интересно ич не се сомневам дека ќе биде,само не ми одговара терминот некако.
 
Од една страна беше подобро направено за разлика од Бугарите или Русите... тие па имаат само еден глас за сите ликови и, што е најлошо, оригиналниот глас се слуша во позадина... Одвратно. :pos2:

Нашиве се потрудиле, но сепак не е добро. Немаше никаква глума, безвезе, ладнокрвно го читаат текстот. Женана скока, а оваа само „не, не“. :nenene:

Се надевам дека ќе се укине ова... Нека се вратат на цртаните само.
 
Синхронизација само на документарни емисии признавам како онаа на телма другото е shit
 
Гледав Рамбо со бугарска синхронизација и се потепав од смеење.Братов вика
-Сичките чу да вутепам мамката вам мрсна
 
Идејата нема врска..Се надевам дека ќе пропадне проектот..Арно си има одоздола превод..Сега ќе ја тупат..
 
ova e najgolem bullshit sto moze da se napravi.celiot filing od filmovite se gubi so vakvo unakazuvanje samo zamislete makedonska sinhronizacija na terminator ili transformers
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom