Синхронизација на македонски

  • Креатор на темата Креатор на темата Old Possum
  • Време на започнување Време на започнување
Ако оваа синхронизација биде успешна, ќе почнат да се синхронизираат и други серии на А1 (не знам дали под тоа мислат и на прајм-тајм сериите). :ija:
 
Едно ме интересира,..дали тоа 2-3 ца души ги „позајмуваат“ гласовите на сите актери,..? :nesvest:
 
претераа со синхронизацијава
само да не ми ги расипат Desperate Housewives.
синхронизацијата беше инересна на времето на Покемон и Дигимон, ма да не сме ги прашале децата дали и таа синхронизација чинела
 
Синхронизација на најнеуспешната латиноамериканска серија за минативе години :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Што е полошо?
Голем број на форуми, блогови и форумџии се вклучија во акцијата ПРОТЕСТ против синхронизацијата праќајќи мејлови на А1, контактите на А1 се на нивната веб страна, а воедно ваквите наши мејлови да се прекине под итно си синхронизацијата ќе ни овозмжат во иднина да не се синхронизираат прогрмаите на А1 како што е планирано, па затоа мора во старт да се пресече
 
катастрофа му е напраена сихронизацијата на серијата на а1 ја гледав неколку пати и воопсто не ми се допаѓа, преводот не звучи добро на македонски, самите гласови, ми звучат како двајца да зборват односно само женски и машки глас, за разлика со имам гледано на грчки сихронизирана серија исто од шпанските, се чудев колку добро е исти гласови како на актерите.:toe:
 
Ако А1 го прогласи ова како успех ке ја бришам од програми, па и најглупата можна серија одбрале да ја синхронизираат, тешко дека некој ке ја гледаше и на шпански да беше:uvo:
 
Гледав една серија од оваа(не и го знаем името)и ептен глупо ми е...
 
претераа со синхронизацијава
само да не ми ги расипат Desperate Housewives.
синхронизацијата беше инересна на времето на Покемон и Дигимон, ма да не сме ги прашале децата дали и таа синхронизација чинела
Не, не чини и таа ич
 
Сметајте ме за анти-патриот и нељубител на македонскиот јазик, гајле ми е, ама морам да кажам едно нешто:

Ужас!!!!!!!!!! Брука!! Оомг.
Сите зборуваат на нос, воопшто не е добро синхронизирано, петорица глумци ги говорат сите ликови, срамота!
За преводот да не правиме муабет, во ред е што е употребен стандардизираниот македонски јазик, но никој не говори така, требало барем малку да му го доближат на народот, вака на никој не му е интересно да го гледа филмот, тоа е моето мислење.

Мислам, кој вели: „Брату, се колнам во твојот гроб, дека ќе ја одмаздам твојата смрт.“ Или како и да беше? -чекан
 
Џон Веј на турски, Мел Гибсон на германски...преѓеска малку ѕирнав, навистина лошо звучи. Фали уште како во карате филмовите -да седат во студио и да маваат по даски и кожни столчиња :wink:
 
Ова серијава што ја синхронизирале на А1 катрастрофа бре!!!!! Жива брука! Овие што коментираа Покемон и цртани филмови сеа синхронизирале играна серија. Катастрофално звучи ова. Не дај Боже да продолжат да ги синхронизираат и другиве серии вака.
 
-цитат од филм со Џон Вејн на турски-Мерхаба Ефенди :vozbud: :vozbud: :vozbud:
цитат од македонска синхронизира серија
-„Се колнам брату во гробот на нашата мајка ќе ти одмаздам“:pos2: :pos2: :pos2: :pos2: :pos2:
-„(Дебилско смеење),колку те сакам“
-„Со тебе никогаш не сум се чувствувала како жена“

:nesum:
 
А1 рекоа дека ако серијата има гледнаост и народот го прифати ова, и понатаму ќе синхронизираат серии:tapp::tapp::tapp:
Ја лично пратив мејлови на сите контакти на А1 да се пркеине со ова
 
Едно ме интересира,..дали тоа 2-3 ца души ги „позајмуваат“ гласовите на сите актери,..? :nesvest:
Своевремено беа Димче Мешковски и Таска Балабанова а сега кои ќе се не знам? :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom