Сингл, повеќе години?

  • Креатор на темата Креатор на темата Martin1987
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 април 2013
Мислења
234
Поени од реакции
151
Возраст
38
Чисто информативно ме интересира дали има тука членови на форумов што се сингл повеќе од 2 години, и дали има некој/а што ќе го обори мојот рекорд во немање врска (10 години). Па повелете :)

(Нов сум на форумов, ама сепак мислам дека ова ќе е интересна тема за разговор бидејки гледам дека досега никој ја нема отворено оваа тема или слична како неа)
 
колку време треба да си најмалку со некој па да се рачуна ко врска?
 
Бит дис мадафакас.....21 година уште 2 месеца,никад у живот врска(10тина дена мување не се рачунаат) :cool:
Нити па ми треба сега нешто на овие години.....:)
 
Најмалку 2-3 месеца идење според мене може да се рачуна за врска.
Бит дис мадафакас.....21 година уште 2 месеца,никад у живот врска(10тина дена мување не се рачунаат) :cool:
Нити па ми треба сега нешто на овие години.....:)
Wow 21 година, а јас пак бев силно убеден дека никој нема да го обори мојот рекорд од 10 години.:D Мене сепак сеуште ми треба врска дури и на овие години , ама за жал ниедна девојка нема да ме сака. Девојките неќат типци што се мирни и повлечени а и изгледот не ми е нешто јака страна :)
 
Смисла за хумор тоа ти треба, се друго е пролазно. Девојката сака да ја забавуваш и да си поминува убаво.
Имам смисла за хумор ама за забављање баш и не сум некој стручњак. Како и да е после толку многу добиени "корпи" (можеби ги има 50-60) некако и изгубив желба да имам девојка. Едноставно: Too much rejections killed my desire што би рекле америве :-)
 
Wow 21 година, а јас пак бев силно убеден дека никој нема да го обори мојот рекорд од 10 години.:D Мене сепак сеуште ми треба врска дури и на овие години , ама за жал ниедна девојка нема да ме сака. Девојките неќат типци што се мирни и повлечени а и изгледот не ми е нешто јака страна :)
До 18 година само со една се имав мувано,тек после ми почна животот.Јбг,малце касно се ослободив.....а во последниве 3 години и онака не ми треба некоја врска.Да почнувам врска не сум имал некоја потреба до сега.....ок ми е и вака.Не значи дека не се наоѓала по некоја што сум можел да имам врска,имало ама не ми треба.
 
Имам смисла за хумор ама за забављање баш и не сум некој стручњак. Како и да е после толку многу добиени "корпи" (можеби ги има 50-60) некако и изгубив желба да имам девојка. Едноставно: Too much rejections killed my desire што би рекле америве :)
ама чекај сега прашањето и ти врз какви се насочуваш...ако се све некои спонзоруши и слични такви, еее тие корпи даваат на скоро сите :)
 
Се насочувам и кон сосема скромни и не до толку убави девојчиња ама сепак резултатот си е ист.
 
Wow 21 година, а јас пак бев силно убеден дека никој нема да го обори мојот рекорд од 10 години.:D Мене сепак сеуште ми треба врска дури и на овие години , ама за жал ниедна девојка нема да ме сака. Девојките неќат типци што се мирни и повлечени а и изгледот не ми е нешто јака страна :)
Не ме јеби, на 26 години ваков песимистички став? Дечко излези надвор и најди си ја цурата, не ми лелекај овде. Тоа што си немал 10 год врска е твој проблем, а не проблем на девојките. За да бидеш приметен, мора да привлечеш внимание без разлика дали си бил повлечен или галамџија. Независно дали си грд, убав, сакат, самодовербата е она што ќе те направи попривлечен и од Џони Деп.
Соу гоу ен гет дем факер!
 
Точно мој проблем е, не обвинувам никој за тоа. Иначе за самодовербата и не си баш во право. Кога бев помлад имав огромна самодоверба ама пак ниедна неќеше да се фати со мене. После толку корпи мојата самодоверба неизбежно се смали и стана колку зрно грашок. Порано многу се нервирав заради тоа што сум сингл, ама во последниве неколку години се навикнав на тој начин на живеење.
 
а во што може да се лоцира проблемот...начин на носење, облекување, grooming, дај специфицирај затоа што се може да се реши :)
 
Точно мој проблем е, не обвинувам никој за тоа. Иначе за самодовербата и не си баш во право. Кога бев помлад имав огромна самодоверба ама пак ниедна неќеше да се фати со мене. После толку корпи мојата самодоверба неизбежно се смали и стана колку зрно грашок. Порано многу се нервирав заради тоа што сум сингл, ама во последниве неколку години се навикнав на тој начин на живеење.
Епа пријателе, јас те советувам да си ја вратиш ;) Среќно!
 
почни да вежбаш барем издефинирај се и ке закачиш некоја дунда...за секое лонче има капаче ;)
крај на краиштата собирај пари и жена од пустец :)
 
Имам смисла за хумор ама за забављање баш и не сум некој стручњак. Како и да е после толку многу добиени "корпи" (можеби ги има 50-60) некако и изгубив желба да имам девојка. Едноставно: Too much rejections killed my desire што би рекле америве :)
Што знам, самодоверба можеби повеќе ти фали, дотерај се дома и погледни се во огледало замисли си дека си лепотан,позирај малку, смешкај се, прави се паун пред огледалото,замисли си дека сите девојки кога кога ке излезеш, се свртуваат кон тебе и си им привлечен, имај малку его, биди сиргурен дека секоја која ке ја посакаш можеш да ја имаш, биди сигурен во себе но не претерувај да не те гледаат ко сељак. Пукај со вицови и комплименти, и понекогаш понашај се како да не ти е толку битно дали имаш пари и колку и од каде потекнуваш.Ако носиш некоја просечна облека, замисли си дека носиш прва класа, носи ја облеката прво класно,движи се исправено, гордо, иако не е скапа, понашај се како да е.Ако носиш некој рачен часовник од 200 300 денари, доволно е да светка навечер, од време на време погледнувај во него.Додека си блиску до неа јави му се на некој другар покажи и дека комуницираш со некој, дека имаш друштво и сл. прај се малку фраер додека збориш, ама не со некои мафијашки покрети во смисла шлеперот на граница помина ли, него као да си кажувате нешто смешно. Едноставо еден вид на игра нека ти биде тоа, пред се нека ти биде на тебе забавно а после на девојката со која се дружиш.
Ако почне да си влече праменчиња од косата твоја е, ако почне да си ги прегризува усните додека праите муабет, твоја е, ако се смешка заинтересирана е за тебе и годи твоето друштво, ако се гледате во очи се привлекуватем а ако ја тргне косата и ти го покаже вратот, станувај од таму кај што сте и носи ја кај сакаш, предложи и на културен начин, да прошетате или да отидете некаде.
Јас на ваков начин размислувам, и тоа со огледалото, самодовербата, вицовите и комплиментите пали без разлика и да те одбие, убаво се чувствува, но бидејки не си бил доволно сигурен во себе, си ја направил и неа несигурна и затоа те одбила. Девојките сакаат сигурност кај мажите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom