Имам смисла за хумор ама за забављање баш и не сум некој стручњак. Како и да е после толку многу добиени "корпи" (можеби ги има 50-60) некако и изгубив желба да имам девојка. Едноставно: Too much rejections killed my desire што би рекле америве
Што знам, самодоверба можеби повеќе ти фали, дотерај се дома и погледни се во огледало замисли си дека си лепотан,позирај малку, смешкај се, прави се паун пред огледалото,замисли си дека сите девојки кога кога ке излезеш, се свртуваат кон тебе и си им привлечен, имај малку его, биди сиргурен дека секоја која ке ја посакаш можеш да ја имаш, биди сигурен во себе но не претерувај да не те гледаат ко сељак. Пукај со вицови и комплименти, и понекогаш понашај се како да не ти е толку битно дали имаш пари и колку и од каде потекнуваш.Ако носиш некоја просечна облека, замисли си дека носиш прва класа, носи ја облеката прво класно,движи се исправено, гордо, иако не е скапа, понашај се како да е.Ако носиш некој рачен часовник од 200 300 денари, доволно е да светка навечер, од време на време погледнувај во него.Додека си блиску до неа јави му се на некој другар покажи и дека комуницираш со некој, дека имаш друштво и сл. прај се малку фраер додека збориш, ама не со некои мафијашки покрети во смисла шлеперот на граница помина ли, него као да си кажувате нешто смешно. Едноставо еден вид на игра нека ти биде тоа, пред се нека ти биде на тебе забавно а после на девојката со која се дружиш.
Ако почне да си влече праменчиња од косата твоја е, ако почне да си ги прегризува усните додека праите муабет, твоја е, ако се смешка заинтересирана е за тебе и годи твоето друштво, ако се гледате во очи се привлекуватем а ако ја тргне косата и ти го покаже вратот, станувај од таму кај што сте и носи ја кај сакаш, предложи и на културен начин, да прошетате или да отидете некаде.
Јас на ваков начин размислувам, и тоа со огледалото, самодовербата, вицовите и комплиментите пали без разлика и да те одбие, убаво се чувствува, но бидејки не си бил доволно сигурен во себе, си ја направил и неа несигурна и затоа те одбила. Девојките сакаат сигурност кај мажите.