M
Moon Child
Гостин
Ај да си прашам на темава. Имам повеќе експанзии и stuff-ови од Симс 2 меѓу кои и Bon Vojage. Е сега, ги однесов на одмор и кога помина одморот и требаше да се вратат дома, во такси се качи само мажот, а жената ми остана во куќата на одмор. Сега ми ја дава само жената да ја играм и никако не сака да ми ја врати назад во градот, абе уште како не пробав да ја вратам. Мажот го нема никаде, пробав да ја уклучам куќата што ми е во Pleasantview ама ми вика дека семејството е моментално на одмор дали сакам да го играм тоа место. Кога ќе стиснам Yes ме носи пак во куќата на одмор и пак мажот го нема а жената е сама таму. Каде ми се изгуби човечето? Па уште и несака да ми се избрише фамилијата, ниту да ја преместам во Family Bin затоа што требало сите членови од семејството да се во куќата во градот во која живеат. И ај сега, како да си ги вратам заедно да ми бидат?! Неможам ниту да го урнам местото со тоа тенкот оти не се сите членови од фамилијата во куќата, ништо неможам да направам. Се искомплицира за никаде :nerv::nerv::nerv: