Sims / Sims 2

  • Креатор на темата Креатор на темата H|dden
  • Време на започнување Време на започнување
Ги имам симнато 2ката и 3ката, но 2ката најчесто ја играм, поинтересна ми е. Сите додатоци ги имам и најчесто само им градам куќи, не играм. :D Поинтересно ми е креирањето на нивните домови, отколку да ги командам кој што да прави. Ми здосадува цело време едно исто, терај ги да местат кревет, до веце да идат, до ваму, до таму. :ROFLMAO: Па тој нејќел да прави нешто, не бил расположен... нејќел ова, нејќел она. Е да бе, сеа него ќе го мислам што му се праи. :icon_lol: Вака раат сум кога им ги правам живеалиштата, знам со саати да се заборавам. :pipi:
 
Здраво, имам еден проблем. Ја имам инсталирано симс 2 на windows xp компјутер со сите expansion и stuff packs уште пред колку години. Графиката беше во ред, немаше никакви недостатоци, едноставно играта беше неверојатно брза. Но веќе некое време, поточно 2 години одкако купив нов лаптоп, тој компјутер не го вклучувам со месеци. И баш пред некој ден го вклучив едноставно ме фати носталгија за играта и кога ја вклучив, играта беше за никаде. Под симсовите имаше црни правоаголници, водата во базенот беше светло зелена како тревата, ѕидовите половина во боја половина исечени. Дали е нешто до играта или до компјутерот? Што вие мислите и ако може некој совет ако знаете. Новиот лаптоп ми е на windows 8.1 и не ја прифаќа бидејќи оваа верзија на windows не била пуштена во употреба кога играта била излезена.
 
Дајте во пп некој саглам торент за тројката. Симнав еден катастрофален од замунда, ми палеше од почетокот да пронаоѓам сокриени ствари на слика, се изнервирав и ја унинстал.
 
Лелеле уживав у играта..
После некое време узгребав си го цедето и тоа е тоа. Сега неможам да најдам некое место да ја купам :place::place::place:
 
Имам еден вишак Origin Account со Sims 2 оригинал на него ( земено лани кога ја даваа играта free ), така да ако му се игра на некого нека ми пише. Имам еден account - кој прв ќе пише - тој ќе го добие ( гратис ).
 
Имам еден вишак Origin Account со Sims 2 оригинал на него ( земено лани кога ја даваа играта free ), така да ако му се игра на некого нека ми пише. Имам еден account - кој прв ќе пише - тој ќе го добие ( гратис ).

Жити бога давај акаунтот.
 
Ах теми отворени од 2007..

Уште се сеќавам колку голем успех беше на времето да ја смениш Оригиналната симс со некое од погорните нивоа..

Се сеќавам тројката се викаше нешто Vacation и можеше да се искача у град и слично.. И последната Makin Magic!

Ups, грешка Вакајшн била понова (2002 :chuckle:)
Мислев на Хот Дејт! АААААААААААа експанзијава...

hqdefault.jpg


51RS2HMJB9L.jpg


latest


the_sims_makin__magic_basket_trick.jpg


000645s05.jpg


E двојката а и сите наредни го немаа овој шмек


Good times.

P.S Играва е од 2000.. колку лета времево.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom