Симптоми за срцев напад

  • Креатор на темата Креатор на темата CrazYMinD
  • Време на започнување Време на започнување
Значи вака од пред еден-два месеци незнам баш точно забележав мало стегање на срцето..т.е мали болки во левата страна на градниот кош на почетокот си мислев дека онака мускулот нешо ме стега..но како што забележувам во последно време се почесто ме боцка срцето неам отидено на лекар да си проверам крв и такви ствари...па си реков дај прво да видам некој дали имал вакви слични проблеми и дали е нешто сериозно..Сакам да прашам дали ова е симтом на срцев удар и исто така дали е можно да ме боцка срцето бидеќи многу време поминувам пред компјутер окулу 10-12 часа..Благодарам

Ништо не ти е, само немој нагло да се исправуваш доколку седеш вкочанет или подгрбавен на компјутер, сигурно ти се има случено и кога ќе станеш наеднаш и се оптегнаш да ти се стемни пред очи, тоа ти е од неправилно вдишување и издишување, сепак 12 часа пред компјутер не е здраво. Инаку симптоми на срцев удар...голема болка во Градите не само на левата страна.

Совет: Доколку сакаш да немаш такви проблеми а седеш на компјутерот подолго време, контролирај го дишењето со што и ќе седеш исправено
 
Лошо седиш пред ПЦ или лошо спиеш, мене ми се има случувано често тоа.
Далеку од срцев ударац е, ама оди на доктор ако после ти помага нешто.
 
Значи вака од пред еден-два месеци незнам баш точно забележав мало стегање на срцето..т.е мали болки во левата страна на градниот кош на почетокот си мислев дека онака мускулот нешо ме стега..но како што забележувам во последно време се почесто ме боцка срцето неам отидено на лекар да си проверам крв и такви ствари...па си реков дај прво да видам некој дали имал вакви слични проблеми и дали е нешто сериозно..Сакам да прашам дали ова е симтом на срцев удар и исто така дали е можно да ме боцка срцето бидеќи многу време поминувам пред компјутер окулу 10-12 часа..Благодарам

По твоето кажување 99,9% со сигурност не станува збор за проблеми со срцето, повеќе ти е на нервна база и треба да поработиш малку на начинот на размислување за да ја намалиш анксиозноста, сепак отиди кај матичниот за еден профилактичен преглед.

Поздрав.
 
симптоми на срцев удар:
Ненадајна силна болка зад градната коска што се шири кон левата рака кон вратот или долната вилица, можно е и кон грбот
ненадајна слабост
вртоглавица несвестица
неможност да се земе воздух
Чувство на блиска смрт
Бледа кожа студена
Модри усни
Брз слаб пулс
Ненадаен колапс
 
Истово ова ја го имам 6-7 години. Ради тоа и прекинав да се бавам со спорт активно.
Редовно идам и идев на контрола ( ЕКГ,ЕХО Холтер носев итн ) и ми имаат кажано дека имам блок на срце.
Праев стрес тест пред некој месец, успеав да го пројдам али одвај. По 12 минути одење на лента срцето ми лупаше 200.
Прво ми рекоа дека е ко демек од пубертетот,али како што минува времето очигледно е дека не е од тоа. Али не е нешто сериозно.
Тоа веројатно ако си имал у фамилија некој со срцеви проблеми па си наследил нешто. Пак ќе ти кажам не е ништо сериозно. :)
Истиве проблеми и ја ги имам...ама не се замарам веќе.
Одам редовно на контроли и тоа е тоа, знам дека не е ништо страшно, само што моите многу се исплашија зошто никој во фамилија немал вакви проблеми.
 
симптоми на срцев удар:
Ненадајна силна болка зад градната коска што се шири кон левата рака кон вратот или долната вилица, можно е и кон грбот
ненадајна слабост
вртоглавица несвестица
неможност да се земе воздух
Чувство на блиска смрт
Бледа кожа студена
Модри усни
Брз слаб пулс
Ненадаен колапс

?
-Пораката е прекратка. Ве молиме зголемете ја пораката на 4 карактери (букви).
????
 
?
-Пораката е прекратка. Ве молиме зголемете ја пораката на 4 карактери (букви).
????

И јас имам срцев проблем мал иако се занимавам со спорт цел живот и го имам доживеано чувствово :) Ај ќе пробам да го објаснам..
Кога ќе почне да ми чука срцето побрзо поради маната, ме зафаќа немир и некогаш мислам дека ќе ми се случи нешто и дека тука ми е крајот :) Вака смешно изгледа и мене ми е смешно во моментов ама тогаш баш не е. Среќа одамна ми се нема случено ова :)

--- надополнето ---

П.С. Не го исклучувајте од опција и „тивкиот“ срцев удар - silent heart attack. Дедо ми ова го доживеал додека бил на работа, мислел ништо не е, не кажа дома, не се лечеше и после 2-3 години се почна да му оди како по надолнина со здравјето.
 
Никоаш не сум имал проблеми со срцето кога спортувам, имам кондиција да трчам и трчам и активно спортувам, никогаш не сум имал од тие симптомите кои се набројани но сум осетил проблеми со срцето пред 2-3 години. Чуствував едно чудно чуство, како да е тешко срцето, како олово да носам во себе кога лежев на грб повеќе од сат време. Ќе лежев и ќе си пуштев филм и неможев до крај да лежам на грб. Праевме лекарски од клубот и ништо не ми рекоа и ми помина со тек. Сеа си викам било од неправилно седење и спиење и од нервози, сеа е се во ред.
 
Зошто понекогаш од чиста мира ме пецка срцево, на пример ќе ме пецне 1 секунда и ќе престане, на периоди ми се случува ова. Има искуство некој со ова? Ениуан?
 
Зошто понекогаш од чиста мира ме пецка срцево, на пример ќе ме пецне 1 секунда и ќе престане, на периоди ми се случува ова. Има искуство некој со ова? Ениуан?
Колку години имаш?
 
otidi na poveke doktori ne samo ne eden zasto pola a i poveketo se nepismeni gledam na tv deka nekoja zena 4 godini ja lekuvale od sinusi i od debelina a taa imala problemi so srceto
taka e koga so vrski i mito ke zemat diploma
 
симптоми на срцев удар:
Ненадајна силна болка зад градната коска што се шири кон левата рака кон вратот или долната вилица, можно е и кон грбот
ненадајна слабост
вртоглавица несвестица
неможност да се земе воздух
Чувство на блиска смрт
Бледа кожа студена
Модри усни
Брз слаб пулс
Ненадаен колапс


Само некои од симптомите не се доволни за да се определи срцев удар. Конкретно мене ми се случи пред една година да ги имам повеќето од овие симптоми (со црвено) - мислев ќе ја скинам. Полежав саат -два па ми помина. После тоа работите се развија и се покажа дека се работело за прв, сериозен паничен напад (дијагноза: панично растројство). Оттогаш имам направено ЕКГ барем 5-6 пати, но се е во ред.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom