Fantom
Chikara
- Член од
- 4 јуни 2006
- Мислења
- 11.453
- Поени од реакции
- 813
Поттикнат од ставовите на Викторгг на ова прашање, ја отворам оваа тема да разјасниме како што треба.
Дали сте симпатизери, или навивачи на вашиот омилен клуб? По мое гледиште, а до некаде и на Викторгг, навивач може да си само на клуб од домашното првенство, и не туку-така, туку да го поддржуваш во лошо и добро, да даваш се за тимот, да одиш на стадион на натпревари и се што оди со тоа...
Не можеш да бидеш навивач на клуб надвор од твојата држава, иако и јас самиот се ословувам како таков, конкретно за Челзи.
Никогаш не си отишол на стадион, никогаш нема да одиш, ништо не си направил за да му помогнеш на клубот - ти си нула и не си постоел за клубот. (зборувам за нормални случаи, знам дека има и кај нас некој што отишол на натпревар на Милан, Баерн, Манчестер, Барселона...)
Иако знаеш се’ за клубот (како еден мој болен другар што ги знае и докторите и физиотерапевтите на Милан, да не прајме муабет за играчи...), не си навивач, туку едноставно симпатизер. Иако секој голем успех или тежок пораз го доживуваш со големи емоции и како своја лична победа или пораз, не си навивач.
Тоа беше мое мислење, чекам и ваши (издржани) мислења околу оваа дебата што по темите на Фан Клуб се развлекува подолго време.

ова го читав порано не знам само каде ако најдам линк ќе ставам знам само дека беше навивач на безбол тимови по американа