Си купив книга

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување
20240102_211348.jpg

20240102_211419.jpg

Книгата на Фрос ја зедов на средината од минатиот месец на денот на нејзиното излегување од печат, 4те од Агата откако го изгласаа буџетот на работа (читај к-15) а последниве 3 од денес како новогодишно пакетче со закаснета достава. :D
 
Зарем не беше испораката од AwesomeBooks £3 порано, без разлика колку книги и да порачаш, или грешка сум? Сакав да порачам некои користени книги пред недела дена, ама гледам дека наплаќаат по £4 shipping за секоја книга, што испаѓа дека испораката понекогаш е поскапа од некои книги (настаро). Штета што Book Depository ја затворија, немаа нешто многу избор, ама секогаш навреме ги добивав книгите и цените беа доста пристапни.

Доколку знаете некоја друга страна за книги на англиски, ве молам споделете. Фала. :)
 
Не знам за страна, но откако го затворија Bookdepository и нашите пошти ми испогубија пратки од Awеsome books се префрлив на Kindle и прозорците на можностите да читам на англиски ширум ми се отворија.
Нешто најблиску до папир, башка има вграден речник ако заглавиш на некој поим, достава ти е за секунда... башка има широка лепеза на книги. Сеа ако бараш нешто ептен специфично е веќе друг проблем. Но мислам дека ова е едино решение до сега.
 
Зарем не беше испораката од AwesomeBooks £3 порано, без разлика колку книги и да порачаш, или грешка сум? Сакав да порачам некои користени книги пред недела дена, ама гледам дека наплаќаат по £4 shipping за секоја книга, што испаѓа дека испораката понекогаш е поскапа од некои книги (настаро). Штета што Book Depository ја затворија, немаа нешто многу избор, ама секогаш навреме ги добивав книгите и цените беа доста пристапни.

Доколку знаете некоја друга страна за книги на англиски, ве молам споделете. Фала. :)
Провери ја Betterworldbooks, функционира исто како бук депозитори со бесплатна испорака по пошта. Само што доставата си е влезена во цената и мислам дека нема да ти смени ова финансиски.
 
Добра и тешка графичка новела за читање... Поготово по втор пат ако планираш да ја читаш, стилот на цртање а и самата приказна се тешки, затоа. Ако сакаш и други препораки за графички новели на македонски јазик слободно кажи ми.
 
Ми "подметнале" фалш копија од Тунел,
6-7 страници се празни неиспечатени.:sekcza: :D
А ептен се израдував дека го најдов ова издание од Табернакул.:place:
Ако ти врши работа, кажи ми кои страници ти фалат, ќе ти ги скенирам и испратам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom