Шведска ги озакони хомосексуалните бракови

  • Креатор на темата Креатор на темата Мистичен
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Никој не рекол дека мора да постигнеме целосен компромис на темава, јас реков што е прифатливо за мене лично.

Меѓутоа, тешко е да се создаде еден цел систем базиран на потребите на секој индивидуално.
Мора да постојат одредени норми и правила на функционирање кои ќе важат за сите.

Еве несакам да отварам жестока дискусија на религиозна основа, но според мое мислење доколку се продолжи со овој интензитет на толеранција на сите наши каприци тогаш за одреден период значењето и учењето на Црквата во животот целосно ќе се минимализира.

Не сакам да изигрувам страшен верник овде, не ми е тоа намерата, но мислам дека религијата треба да зазема поголем простор во формирањето на карактерот.
Во спротивно ќе настане целосен хаос.
 
Јас многу си ја почитувам религијата,верувам дека секој треба да си ја почитува.И се согласувам целосно дека треба да има влијание врз формирање на карактерот.Господ е на сите,Господ е оној кој не дозволува делби и конфликти.Но секој различно го толкува она во кое не учи да веруваме.Додека јас го носам во себе и не верувам дека има нешто против љубовта на две особи,некој верува дека преку неговото име може да стане архиепископ,да купи хотел во Струга,да го вози најскапиот џип или во најгрда рака да силува момче кое му оди на часови по веронаука.Кога таквите особи претставуваат пример за денешнава религија,тогаш правото да одлучува кој ќе стапи во брак а кој не нема морална тежина (од религиски аспект).
Љуби го ближниот свој,а кој е тој одлучува срцето,а не мозокот:)
 
Изгледа ќе треба од корен да се менува значењето на бракот..оти како институција бракот е врска меѓу маж и жена..можеби понатаму на дефиницијата ќе се додаде и инцесот, животинскиот брак,полигамијата..убаво што имаме флексибилни устави.
Дефинициите се менуваат, правилата се менуваат во светот.
Бракот требаше да трае за цел живот - денес постои развод.
Полигамија постои во многу земји. Не знам што дефиниција си читал.

И над се, бракови меѓу хомосексуалци настанале кога настанале и браковите меѓу маж и жена.

И за крај да не заборавиме, се до пред два века поимот хетеросексуалец бил навредлив збор кој означувал маж или жена со изопачени сексуални навики како анален и орален секес. Му е изопачено ова на некој денес?

Плус си размислила ли дека ако хомосексуалноста е нормална доволно за да се легализира во брак ќе постоеа мажи и жени..природата или Бог...зависи како милуваш ќе не створеше поинакви..

Би додал уште нешто..сите хомосексуалци зборуваат за права..па тие ги имаат истите права како и јас...Можат да се оженат/омажат со единка од спротивен пол..како што сум направил и јас..Јас не можем(дури и да сакам) да се оженам со припадник од исти пол..значи ги имам истите права како тие..за какви нееднаквости зборуваат
Јас не знам зошто пола форум мисли дека хомосексуалноста е пренослива болест па ќе се заразите.Не се секирај нема да станеме сите хомосексуалци ако се легаризира нивен брак.
Па нормално дека не се буниш кога ти одговара

Еве јас што би му кажала на моето дете, една моја дефиниција за брак
Брак е официјализирање на љубовта меѓу луѓе кои неизмерно се сакаат. И не гледам ништо лошо во мојава дефиниција
 
Добро де, вака барем нема да ги бркаат... и без тоа ги имаше...
 
Вештица напиша:
...Еве јас што би му кажала на моето дете, една моја дефиниција за брак
Брак е официјализирање на љубовта меѓу луѓе кои неизмерно се сакаат. И не гледам ништо лошо во мојава дефиниција

Дали бракот, заедничкиот живот помеѓу две особи, треба да биде изнесена во јавноста, што и како тие живеат, сепак да кажам дека и во би или хомо животот постои неизмерна љубов помеѓу двата партнера. Сепак себе би се ставил за пример дека сум бил превише влубуван во личности од исти пол и бев вљубен до пред две недели... :olee:​
 
nitu mozam da pomislam deka homoseksualen brak treba da se dozvoli, ova za vo svedska spored mene e dokaz na trulo moralno i duhovno opstestvo koe e del od edna celina t.n. liberalen zapad kon kogo za zal se stremime i nie kako opstestvo.
 
Дефинициите се менуваат, правилата се менуваат во светот.
Бракот требаше да трае за цел живот - денес постои развод.
Полигамија постои во многу земји. Не знам што дефиниција си читал.
Па основната дефиница вели дека бракот е социјална, духовна и легална институција на индивидуи(ова заради хомосексуалните бракови)..
Гледам во Шведска ја поткрепиле со сите можни столбови...нашле и "црква" која ќе ги венча...
Да се разбереме не очекувам да најдам истомисленици на оваа тема(не премногу)..не глумам радикален верник или не знам што само сум традиционален...и во мојот поглед на сето тоа нема место за такви бракови уште помалку за такви цркви како Лутернтската која изиграва лудост и слепост на она што го има како учење...
И над се, бракови меѓу хомосексуалци настанале кога настанале и браковите меѓу маж и жена.
Абе ајде...сигурна ли си...да не си ја гледала премногу "Смешната страна на историјата"...добар филм вториот дел е "Евреи во свемирот и Хитлер на лед":)
]И за крај да не заборавиме, се до пред два века поимот хетеросексуалец бил навредлив збор кој означувал маж или жена со изопачени сексуални навики како анален и орален секес. Му е изопачено ова на некој денес?
За изпоаченоста на светот веќе спомнав..нема потреба од повеќе

Јас не знам зошто пола форум мисли дека хомосексуалноста е пренослива болест па ќе се заразите.Не се секирај нема да станеме сите хомосексуалци ако се легаризира нивен брак.
Па нормално дека не се буниш кога ти одговара
И тоа го објаснив...тоа за мене е отварање на Пандорина кутија...по пример на тоа ќе следат такви работи што Чернобил ќе биде како Дизниленд во однос на хаосот во тој поглед...
Еве јас што би му кажала на моето дете, една моја дефиниција за брак
Брак е официјализирање на љубовта меѓу луѓе кои неизмерно се сакаат. И не гледам ништо лошо во мојава дефиниција
Уште да му објасниш како од две истополни единки се раѓа дете..или и тука ќе има апдејт...дадавајќи банки за сперми,сурогат мајки,усвојување деца од самупослуга,и то..
Ај да не рече некој дека изигравам лудило овде..реков што реков и се држам до тоа..и онака моето мислење нема да го направи овој свет поарен
 
Гледам во Шведска ја поткрепиле со сите можни столбови...нашле и "црква" која ќе ги венча...
Да се разбереме не очекувам да најдам истомисленици на оваа тема(не премногу)..не глумам радикален верник или не знам што само сум традиционален...и во мојот поглед на сето тоа нема место за такви бракови уште помалку за такви цркви како Лутернтската која изиграва лудост и слепост на она што го има како учење...
Абе ајде...сигурна ли си...да не си ја гледала премногу "Смешната страна на историјата"...добар филм вториот дел е "Евреи во свемирот и Хитлер на лед":)

За изпоаченоста на светот веќе спомнав..нема потреба од повеќе

И тоа го објаснив...тоа за мене е отварање на Пандорина кутија...по пример на тоа ќе следат такви работи што Чернобил ќе биде како Дизниленд во однос на хаосот во тој поглед...

Уште да му објасниш како од две истополни единки се раѓа дете..или и тука ќе има апдејт...дадавајќи банки за сперми,сурогат мајки,усвојување деца од самупослуга,и то..
Ај да не рече некој дека изигравам лудило овде..реков што реков и се држам до тоа..и онака моето мислење нема да го направи овој свет поарен
Изолирани племиња во Африка
Самораи во Кина
Императори во Рим
Антички грци ........

Листата е долга, и ете имало бракови меѓу хомосексуалци од искона.

Па не знам за дефиниција за брак која вклучува и деца. Сепак постојат неплодни парови, а и вонбрачни деца.
А не дека ќе почнат да прават деца хомосексуалците ако им забраниш брак.

Не го потценувам твоето мислење таман работа, само си правиме дискусија:smir:
 
Сигурно дека имало низ историјата баш бракови? На пример во античкиот период? Да не биле оргијања со млади момчиња (и девојчиња, но тоа е муабет за хетеро), робови, понизок ранг од газдите? сето ова е вон нашите норми како што знам, пошто самураите сечеле и глави, убивале селани на лице место... шо знам ваков вид на споредба малку е чуден.

Природно си е природно.
 
дека хомосексуалноста била нормална е сигурно, а баш бракови сум 100% кај римските императори и кај племињата, а за другиве ми се од некои страни на нет, ама и за тоа сум доста сигурна.

Ај сега за тоа што сметате дека не е природно, добро документирани се 1500 видови на животни соомосексуални односи. Ако сакате имате снимka на you tube од national geographic
 
Ај сега за тоа што сметате дека не е природно, добро документирани се 1500 видови на животни соомосексуални односи. Ако сакате имате снимka на you tube од national geographic

Аман доста не споредувавте со животните...Па одредени видови ги јадат младенчињата на своите противници..треба ли според тоа да излезам јас на улица и почнам да јадам туѓи деца(за да се соочуствувам со животните)...Мене твојата споредба ева баш вака ми изгледа...
Мислев дека луѓето и животните се разликуваат баш поради здравиот разум..
 
Тоа со животните имаше на една друга тема, кога ги дававте лавовите и пингвините за пример. Но ви беше одговорено (не од мене, но и јас тоа сум го читал) дека кај животните тој став е став на доминација над другиот мажјак, обележување на стадо, јато и слично. Затоа мислам дека не држи пример со животни, поинаку функционираат. Сепак импликации врз општество ќе има и тоа големи, сакале да признаеме или не. Прво традиција, култура, религија, потоа реков закони, правилници, устави, породилни отсуства, буквално преподесување на цело општество за една шака луѓе.
Ако ја модифицираш клетката на некој организам, таа може да мутира и развие во нешто што не треба и целиот организам да мора да се прилагоди кон клетката или да изумре. Така е и со семејството-клетката на општеството нели.
 
дека хомосексуалноста била нормална е сигурно, а баш бракови сум 100% кај римските императори и кај племињата, а за другиве ми се од некои страни на нет, ама и за тоа сум доста сигурна.

Ај сега за тоа што сметате дека не е природно, добро документирани се 1500 видови на животни соомосексуални односи. Ако сакате имате снимka на you tube од national geographic

Во римско време нормални биле и Гладијаторите и блудничењето со сопствената ќерка и син.

А доколку себеси се сметаш за животно, зошто да се ограничуваш. Има многу работи кои можеш да ги приметиш од животинското царство.
:kesa:
 
Biblijata ja zabranuva homoseksualnosta
a maska i zenska
taka da oni nemaat vrska od biblija i hrisdtijanstvo
kako moze da se povikuvaat na biblija
i da ozakonat homoseksualen brak
pojma nemaat.
 
Аман доста не споредувавте со животните...Па одредени видови ги јадат младенчињата на своите противници..треба ли според тоа да излезам јас на улица и почнам да јадам туѓи деца(за да се соочуствувам со животните)...Мене твојата споредба ева баш вака ми изгледа...
Мислев дека луѓето и животните се разликуваат баш поради здравиот разум..
А знаеш како изгледа кога викате дека не е нормално или природно, а кога човек ќе ви спомне природа па како ве споредувал со тоа, па ние сме биле луѓе па не знам ти што? Изгледа ко да не знаете што сте, па викате дека сте тоа што ви одговара во моментот само за да излезете ,,нормални" или за да направите некој друг да изгледа ,,ненормален", што и да ви значи тоа нормалното
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom