Штрајк во образованието

  • Креатор на темата Креатор на темата ostoun
  • Време на започнување Време на започнување
Патетика, штрајкуваат против зголемување на плати нивните права.
Има ли поголеми морони на светов? :tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Не се морони, во тоа е трагедијата
За тоа напишав во темата Хаос, Космос, Слобода
http://forum.kajgana.com/threads/Космос-Хаос-Слобода.67593/page-15
Тие учители кои зборуваат против штрајкот, тоа го прават бидејќи така има наредил нивниот господар. Тие не се СЛОБОДНИ ЛУЃЕ.
Тие се зависни од нивната „ политичка опција “ и нивниот „ лидер “. Оваа појава се нарекува неофеудализам.
 
Искрено кажано сметам дека платата од 20000- ина илјади е мала, сепак тоа се луѓе со високо образование, од нивните клупи излегуваат идните доктори, инжењери, па и министри кои ќе земаат 3 пати поголема плата од нив.
 
Ја им препорачувам, не само да бараат да нема казни за нив, туку воопшто да се повлече екстерното пошто нема ама баш никаква поента. Прашањата се знаат однапред, се одговараат групно и се учат. Никакво подобрување на знаење (исто ќе биде и со државниот испит, али ок, ќе бидеме Финска). Плус, препишување има на некои полагања, на некои нема...(ко матурата).
 
Сите градоначалници се од вемеро нормално ќе бидат против штрајкот како и партиските наставници што нејќат да штрајкуваат. Кога ја прашаа една на телевизија зашто не штрајкувате зарем нејќете повиска плата оваа се изгуби почна да дтка вика сакаме али не сега :vozbud:. НЕ СЕГА :pos:

Нормално дека не сака повисока плата сега. Првин треба да се изградат 100 илјади споменици во Скопје. А и зошто да сака повисока плата? Нема зошта да се брза. Кога ќе се пресели на големата ливада :popce:, нема да ѝ биде потребна никаква плата:lolzz:.
 
Колку сум известен, учениците од школите во Струмица не почнаа со второто полугодие, штрајкот ќе продолжи веројатно и во следната недела.

Имаше и во Валандово штрајк првиот ден (вторник), имало неколку професори но подоцна биле и тие убедени. Сега штрајкот е минато.
 
Во меѓувреме, штрајкбрејкерите ‘остварија‘

ВО ОХРИДСКИТЕ ГРАДИНКИ НОВА ПОВИСОКА ЦЕНА ЗА ПОЛУДНЕВЕН ПРЕСТОЈ
НА 22 ЈАНУАРИ 2015. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД

Родители до редакцијата на ТВМ реагираат дека се изненадени од веста за новата скоро двојно повисока цена која ќе ја плаќаат за полудневен престој на нивните деца во градинка. Цената за полудневен престој со ручек ќе се зголеми од 806 на 1490 денари , колку што чини и целодневниот престој.

roze%202.jpg


Директорката на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, Розе Костеска негира дека станува збор за нов ценовник туку за измени.

„ Сумата која досега се плаќала од 806 денари била заостаната од 2004 година и се однесувала на деца кои користеле само воспитно-образовни активности од 9 до 11 часот. Сега со измените не е изменета цената туку она што се направило грешка тогаш сега гледаме да го анулираме и да излеземе на крај со трошоците имајќи во предвид дека цените од 2004 година се многу покачени од производите кои ги нудиме“, вели Костеска. (чисто информативно да прашат дали можда и платите го прателе растот на цените - и колкав процент од родителите се со просечна плата, дали и двајцата родители се вработени и слично. ‘Државава‘ одамна стана приватна компанија со логична цел - остварување!(профит).



deca%20gr%202.jpg


Костеска вели дека родителите треба да изберат една од 3 -те опции кој што им стојат на располагање.
- За иста цена од 806 денари ќе плаќаат полудневен престој за децата доколку го избегнат ручекот,
- друга опција е ако изберат полудневне престој со ручек по цена од 1490 денари
- или пак за 1490 денари да изберат целодневен престој.

Градинката располага со доволен број на креветчиња доколку некои од родителите ја изберат опцијата наместо полудневен за целодневен престој, информира Костеска. Додава дека родителите за измените се известени на огласната табла и од лични контакти со воспитачките. Родителите треба да се одлучат до крајот на месецов, а измените ќе стартуваат од февруари. Директорката најавува дека наскоро измена ќе претрпат и цените за целодневно сместување.

„Со новата програма за исхрана на децата се воведуваат и нови артикли кои се користат како здрава храна,а се со повисока цена на пазарот. За потребата од зголемување на цената за престој во градинката сме во контакт со министерството и ќе претрпат корекција и цената од 1490 денари, но засега се држи на социјална цена која е енормно ниска во овие услови кога цените се скапи на пазарот“, вели Костеска.

Во моментов во градинката се сместени 837 деца , од кои 300 во полудневен престој, а 120 деца се на листата за чекање за сместување во градинката.
 
За 1500 денари требит да им даваат бадеми, лешници, салати, пршути...а не пржени лепчиња со јогурт и сирење.:unsure:
 
Здраво на сите,јас сум наставник во средното училиште Арсени Јовков-Скопје. Иако сите знаете но сакав изворно да ве информирам за случувањата во нашето училиште. На состанокот на синдикална организација едногласно одлучивме да го подржуваме штрајкот, но кога директорката разбра за ова одма почна со закани и притисоци особено кон наставниците македонци кои подлегнаа на овие закани и почнаа да се откажат од штрајкот. А колегите албанци стојат цврсто и покрај огромните притисоци.
 
П.С. Поради вакви "ИНТЕЛЕКТУАЛЦИ" кои се плашат и од мува ние сме во оваа дереџе. А од друга срана тие што не штрајкуваат најмногу се кукаат. Некои луѓе не заслужуваат да живеат.
 
И сеa требa ние дa дoјдеме и дa ви ги решиме прoблемите ?
Немa фaјде oд тoa шo вaкa нa фoрум ќе ни пишеш декa имaлo зaкaни, зoштo сите се свесни зa тoa. Местo тoa oргaнизирaјте се и видете штo мoжете дa нaпрaвите прoтив вaквите притисoци.
И студентите имaa притисoци, пa тoa не ги спречи дa излезaт нa 2 пaти.

Sent from my LG-D620 using Tapatalk
 
Абе лесно е да се кажи на форум што да се прави.

Ама ако вие сте професори и добиете закани сигурен сум дека ќе подлегнете пред истите.
Пошо ако те избркаат од работа можат и ќе направат да не се вработите се додека се на власт, така да...:toe:
 
Отворено ми кажуваат дека се плашиме. Јас им викам добро ние сме глупави што не се плашиме? Како владата ке ги избрка над 40 илјади вработени, нема шанси. Јас мислам дека на овие луѓе им фали колективната свест, затоа и се плашаат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom