Космос, Хаос, Слобода...

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сите знаете за моето ангажирање во случајот Топлификација
До некаде 2003 година, со затоплување на Скопјани управуваше Советот на Градот Скопје. Потоа таа надлежност во целост ја превзема Регулаторната комисија за енергетика
Каква е разлика помеѓу ови две тела?
Советот на Градот има 45 члена кои се избрани на избори. Меѓутоа и таму партиите ( „ политичките опции “), водат главен збор. Самите советници, во принцип, немаат технички знаење. Сите не се ниту посебно чесни и угледни. Да Ве подсетам - тие се борат за места во коекави управни одбори, а ( богами ) и за тендери и слични лични интереси. Се на се, се работи за институција која делува хаотично

За разлика од нив Регулаторната комисија има 5 члена кои ги бира Собранието на предлог на Владата. Сите членови се наводно експерти во областа на енергетиката. Значи составот ветува ред - Космос

Но од кога Регулаторна почна да се грижи за парното, цените се покачија за 300%
Што значи Хаосот се покажа поефикасен од Космосот
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Деновиве, многу е напишано за терористичките случувања во Париз во кој се убиени новинари. Одржани се и бројни протести.
Истовремено се случија масовни убиства во Авганистан, Пакистан, Нигерија и тн во кој се убиени многу поголем број Муслимани.
За овие убиства медијумите известија но никој не протестираше.
Во 18. век се јавува Просветителството
http://mk.wikipedia.org/wiki/Просветителство
Да се откриат тајните на светот и природата.
Антирелигиозноста и антифеудализмот се основни ставови на Просветителството
Во денешно време повторно се јавува религиозноста која сака дастане чинител во политиката.
Зошто?
Многумина, немајќи друг излез од сиромаштијата и општествената неправда се враќаат кон религијата
И феудализмот повторно се јавува
Многу од нас се определени за некакви „ политички опции “ надевајќи се дека на тој начин ќе се вработат или решат некој други проблеми
И можете да ги видите: Како се борат за својата „ политичка опција “, односно се борат за својот сизерен. Водачите на „ политичките опции “ им велат: ако победиме на следниве избори, вие ќе се вработите, ќе имате пари затоа борете се мене да ме изберат
Зарем ова не е однос помеѓу клиент и сизерен
Феудализмот е укинат во Европа дури 1848 година
Дали повторно се враќаат религиозноста и феудализмот?
http://mk.wikipedia.org/wiki/Просветителство
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Религиозноста се јавува како чинител исклучиво од страна на исламските заедници. Односно се јавува како причинител, Европа се повикува на единствената анти-исламска религија која и е позната а тоа е христијанството. Зошто христијанство а не атеизам? Бидејќи религиозноста зад себе влече фактори како емотивно вознесување
и полесно може да покрене милитаризам отколку атеизмот.
Во исламските земји пак, религијата сеуште со голема сила го притиска општеството и развитокот на свеста бидејќи самата природа на исламот е угнетувачка
и властите дозволиле законодавството, па и општо системот да им се базира на тој примитивизам кој трае до денес.
Таму религијата навистина е прибежиште, единственото прибежиште али истовремено е и ултимативниот законодавец и извршител.

Доколку тргнеме по таа дефиниција за феудализам тогаш сите општества во кои владеачката партија има членови и следбеници ќе ги наречеме феудалистички,
и тука јас не се сложувам.
Феудализмот налага да владетелот му даде на закрепостениот селанец земја на користење како трампа за услугите и лојалноста на селанецот.
Тоа што го имаш опишано е општа дефиниција за заеднички бенефиции а феудализмот е само еден фрагмент од таа воопштеност,
али не е видот кој моментално е воспоставен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ако го следите штрајкот на учителите, забележавте појава на учители кои се наводно против штрајкот или едноставно кажано се против да им се зголемат платите
Тие всушност исполнуваат наредба на некаков сизерен, по чија волја и интереси тоа го прават.
Значи тие не се слободни луѓе, туку клиенти на својот господар за чии интереси работат
И пак доаѓаме до феудализмот
На Википедија најдов напис за Неофеудализмот
http://en.wikipedia.org/wiki/Neo-feudalism
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Постојат неколку суптилни но битни разлики тука. Прво и основно, феудализмот е легитимен систем а запплашување, уценување и корумпирање професори не е.
Потоа има разлика во тоа на кој начин се стекнува власта.
Во феудалните општества власта се предава од владетел на владетел по пат на традиција и обичаи,
додека кај нас на власт се назначува партија која ќе победи на парламентарни избори.
Трета разлика е во тоа што во феудализмот правата на пониските класи по дифолт се помали од тие на повисоките
додека во Македонија постои правна еднаквост која е неспроведена.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Идиот на Социјализмот
Наполно си во право. Вистинскиот феудализам е воспоставен со реформите на Диоклецијан и имал свој историски развој.
Но нешто друго е карактеристично за сегашниов момент:
Современите демократии потекнуваат од времето на Просветителството. И нивен основен став е дека луѓето се раѓаат слободни и еднакви. Тоа се основни ставови и на Декларацијата за независност и на Декларацијата за пправата на човекот и граѓанинот од 1789
Но ова со штрајкот на учителите покажува нешто друго
Учителите кои се против штрајкот, се против штрајкот поради тоа што така им наредил нивниот сизерен. Значи не се работи за слободни луѓе, туку за луѓе кои зависат од вољата на сизеренот.
Ако тие не се слободни, целиот систем на либерална граѓанска демократија се руши.
И се поставува прашањето во какво општество живееме? Во која насока се движи општеството?
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.207
Нашиот милозлив владетел многу добро ги има поставено своите фигури. Ги држи медиумите кои доколку слободни можат да бидат реална закана за неговиот рејтинг.
Сега ги фати и професорите, вториот фактор кој може да го оспори неговиот рејтинг. Сите останати, студенти, работници, пензионери итн. имаат целосно право на свое мислење. Ирелевантно мислење. Мислење кое се купува со сендвич, сок, работно место, легло во Стив или Гоце итн. Кворумот од 450.000 гласачи секогаш е исполнет, останатите можат и во женски клозет на глава да скокаат.
Така да, сума сумарум слободни се сите оние чија слобода и онака е штрбава.
За движење, не се движиме воопшто. Македонија е во истата каша од лето господово 1991ва година. Истата мафија на власт, со неколку ротации и рокади, истите лажни ветувања и фарси.
Нормално, на западот му одговара дестабилизиран статус-кво балкан бидејќи може мултифункционално (економски, геополитички и геостратешки) да го користи ако затреба.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера околу 17:30 часот отидов кај Градска болница да чекам 57-ица, за Козле, кога гледам во Жена парк собрани голем број граѓани. Веднаш еден од нив прашав - за што се собрани и тој ми рече дека се собрале поради „ денешниви случувања “.
Бидејќи претходно одмарав, а и ретко ги следам случувањата околу „ политичките опции “, не знаев за какви „ денешни случувања “ се работи.
Дури кога се вратив од Козле, околу 21 часот, разбрав дека имало полициска акција со име „ пуч “
Гледав по интернет, во многу земји, бројни гласила известија дека во Македонија е спречен обид за државен удар.
Односно името на полициската акција „ пуч “, новинарите од други земји го протолкувале дека во Македонија имало државен удар или пуч кој бил спречен
Тоа ме наведе да истражам што е тоа пуч - односно државен удар.
Пуч потекнува од Германскиот јазик (putsch), а од Францускиот јазик потекнува изразот Државен удар ( coup d'état) и тие имаат исто значење
http://en.wikipedia.org/wiki/Coup_d'état
Пучот представува измена на власта со насилни средства. Но за пучот е карактеристично, за разлика од револуцијата, дека таа измена на власта ја организираат припадници од самата власт.
На пример, кога војската или полицијата или некој друг од власта би се обидел да ја преземе власта
Што значи дека она што беа вчера „ денешни случувања “ никако не може да се нарече „ пуч “, бидејќи уапсените се од опозицијата.
Но ете, како некој неписмен цајкан кој на вчерашната полициска акција и дал име „ пуч “, направи да во сите светски медијуми пишува дека во Македонија е спречен државен удар
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Има многу работи што не се во ред,
Зошто заев се обидувал за направи „размена“ со добиените податоци?
Зошто документите не се јавно објавени?
Не ги разбирам, да ги објавеа јавно со малку тактика можеше херој да излезе, прислушкување на илјадници граѓани не е мала работа.
Не сум нешто изненаден, освен, можеби од бројката, ама кога ке видам како стои состојбата со медиумите, ми станува јасно зошто е тоа така.
На прес-конференцијата груевски кажа дека дел од податоците се точни, си го призна извршеното дело.
Зошто никој не збори за ова?
Зошто идиотиве се собраа во жена парк?
Според телма,нова тв присутните незнаеле зошто протестираат, само дека биле викнати од владеачката партија.
Имаше информации по другите портали ама неможам да ги земам за релевантни бидејќи или се строго со владата или строго опозициски.
Од ден на ден станува се потешко да се живее овде, преголемо лудило, премалку слобода.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Толината преоѓа од потоплто кон постуденото тело
Ова е само една формулација на Вториот закон на термодинамиката
http://en.wikipedia.org/wiki/Second_law_of_thermodynamics
Мене повеќе ми се допаѓа формулацијата: Кај затворени системи, процесите се одвиваат во насока на зголемување на ентропијата.
А може и вака да се каже: Процесите секогаш се одвиваат од состојба на помала кон состојба на поголема веројатност.
Било како да го формулираме овој Закон, се поставува прашањето, дали Вториот закон на термодинамиката важи и за Хаосот
Самата дефиниција на Хаосот подразбира, непредвидивост на исходот и одсаство на било какви закони.
А Вториот закон на термодинамиката вели дека се мора да се одвива според него
Значи запаѓаме во контрадикција?
Каде грешиме?
Какво е Вашето мислење за ова?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сите го следите мојот отпор кон Топлификација и Регулаторна или кон зонашите
И тоа ме наведе на едно размислување: Каков би бил јас кога би бил на нивно место?
Тешки морални дури и крвични злосторства направија членовите на регулаторна и Топлификација и на зонашите, а еве зошто:
Ако пропадне Топлификација сите тие „ визионери “ кои сега имаат 4-5 илјади евра месечна плата ќе останат без работа
Ако се покаже дека Регулаторна дека неспособна, лепотаните кои сами себе се нарекуваат „ експерти “ ќе останат без своите 2-3 илади евра платички
Ако пропадне зонското, зонашите ќе останат без плати од 25 илјади денари, без убавите униформи.
Но не само ова. За сите е карактеристично дека ќе останат без можноста да бидат „ господари “. Сега тие се оние кои можат да се изживуваат над нас колку што сакаат.
Затоа тие се борат против мене многу посилно одколку јас што се борам против нив
Ова ситуација ме подсети на Stanford prison experiment кој е направен 1971
http://en.wikipedia.org/wiki/Stanford_prison_experiment
Од студенти се одбрани две групи - едната ќе бидат чувари а другата затвореници.
Ако имате малку време - прочитајте за ова
Ова појава се нарекува и Луциферов ефект - постои граница на која тој што е на власт, кој најнапред чинел добра, почнува да чини зло
Можеби Космосот не е однапред познат и сигурен исход - а тоа е знак на Хасосот?
Еве ја и страницата на експериментот:
http://www.prisonexp.org/
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Пронајдов еден интересен напис напишан од Љубиша Георгиевски пред една деценија.
http://star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2919&stID=67763
Самиот напис е политички обоен. Самиот Љубиша Георгиевски е и денес а беше и порано, политичар. И со тој напис од пред една деценија тој зборува за тогашната клепотократија, но има ставови кој се интересни за нашата тема.
Тој вели:
- Клептократија како збор може да има двојно значење и тука се ползува токму во такво значење: власт на крадците или власт што краде!
- Оти законот е ред. Редот, според вториот термодинамички закон, ако нема дотур на енергија, тендира да се претвори во неред.. Значи, клептократијата прво воспоставува неред.
....
Или накусо тој Хаосот го карактеризира како лош - кој и одговара на клептократијата а Космосот како добар
Јас не се согласувам со ова мислење
Клептократијата е карактеристика која јас ја поврзувам Космосот,
Значи постои ред. Тој ред е клептократија. А тоа докажува само дека Космосот не е секогаш позитивен и ништо повеќе
А Хаосот е нешто друго - хаосот е непредвидив
Самиот Љубиша Георгиевски во тој напис се залага неговата „ политичка опција “ да дојде на власт.
Сведоци сме дека тоа подоцна се случи.
Но клептократијата и понатаму остана. Работава е: Сјаши Мурта да узјаше Курта
Значи клептократијата е врзна, со системот, со редот или накусо со Космосот.
Тврдењето на Љубиша Георгиевски ( клептократијата прво воспоставува неред ) е суштествено погрешно. Системот создава клептократија а не обратно.
Какво е Вашето мислење?
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Случајот на Топлификација и понатаму ме наведува да размислувам
Се работи за очигледен организиран криминал. и никој ништо не му може.
Секој организиран криминал се карактеризира со појава на јатаци. Значи постојат луѓе кои го заштитуваат криминалот. Тие јатаци не мора да бидат на дирекно на власт, туку можат да имаат само силно влијание на власта ( подобро кажано имаат силно влијание на Космосот )
Тие јатаци направиле да власта биде неефикасна кога се во прашање интересите на криминалците.
Но јатаците интервенираат само кога се во прашање интересите на криминалците, додека за други прашања „ не интервенираат “.
Ако погледнете по црните хроники во весниците ќе видите дека се суди за навреди, тепачки, сообраќајќи, силувања, ситни кражби, има политички судења, и слично.
А никаде нема судења за големиот криминал, што значи овие јатаци се многу ефикасни и ефикасно го штитат организираниот криминал.
И сега се поставува прашањето кој всушност го представува Космосот? Дали се тоа тие кои се на власт или јатаците кои од позадина ги штитат криминалците
Значи имаме два Космоса, еден кој ние мислиме дека е власт, и друг кој од позадина влијае на власта а во интерес на криминалот и кој всушност е доминантен.
Дали можеме да прифатиме теза дека истовремено можат да постојат повеќе Космоси?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Случајот на Топлификација и понатаму ме наведува да размислувам
Се работи за очигледен организиран криминал. и никој ништо не му може.
Секој организиран криминал се карактеризира со појава на јатаци. Значи постојат луѓе кои го заштитуваат криминалот. Тие јатаци не мора да бидат на дирекно на власт, туку можат да имаат само силно влијание на власта ( подобро кажано имаат силно влијание на Космосот )
Тие јатаци направиле да власта биде неефикасна кога се во прашање интересите на криминалците.
Но јатаците интервенираат само кога се во прашање интересите на криминалците, додека за други прашања „ не интервенираат “.
Ако погледнете по црните хроники во весниците ќе видите дека се суди за навреди, тепачки, сообраќајќи, силувања, ситни кражби, има политички судења, и слично.
А никаде нема судења за големиот криминал, што значи овие јатаци се многу ефикасни и ефикасно го штитат организираниот криминал.
И сега се поставува прашањето кој всушност го представува Космосот? Дали се тоа тие кои се на власт или јатаците кои од позадина ги штитат криминалците
Значи имаме два Космоса, еден кој ние мислиме дека е власт, и друг кој од позадина влијае на власта а во интерес на криминалот и кој всушност е доминантен.
Дали можеме да прифатиме теза дека истовремено можат да постојат повеќе Космоси?
Mnogu pobitno e kade se naogaat tie jataci,mozda vo sudstvoto?:cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom