Што значи да се биде Христијанин?

  • Креатор на темата Креатор на темата Maksimilijan
  • Време на започнување Време на започнување
Гугле библист е оној кој не може да се снајде во историските лавиринти, чудните имиња на христијанските теолози, историчари и писатели, концилите и соборите, одлуките и каноните, и кој најверојатно нема ни библија дома (или ако ја има не е православна туку е од оние бесплатните што ги делат на штандови разни христијански фракции). Инаку многу ме трогна таа реченица твоја



Значи ли дека 850 милиони хиндуисти кои веруваат во религија постара од Христијанството се исто НАУЧНО докажани...
Значи ли дека 365 милиони будисти се во право?
Значи ли дека нешто над милијарда муслимани се во право и научно докажани???

Општо познато и НАУЧНО.. не се секогаш рака под рака... инаку се уште ќе одевме по плочеста земја која е во центарот на вселената и околу која се врти сонцето

1. Дај малце сериозно. Штандови, фракции... нема смисла.

2. Хиндусите, будистите и сите други верници се ВЕРНИЦИ што ВЕРУВААТ во нешто што не мора да е докажано. Јас ти зборам за научна вистина која ја прифаќаат научници што се и атеисти. Научна вистина исто како што е научна вистина тоа што земјата не е тркалезна. Ме сфаќаш или уште не? Значи, тука не ги мешам натприродните моќи на Исус. Само постоењето на Исус.

3. Не реков општопознато. Реков општоприфатено. Голема разлика има.
 
Посебносе вели за ДЕВИЦА (која МОРА ДА БИДЕ - сепак е во прашање пророштво а не обичен муабет) а на грчки е стариот завет преведен (од каде и читале пишувачите на евангелија со СТРИКТНО ДЕВИЦА - значи нема мрдање МОРА да е.

Од обични “игри на зборови“ имаме купови недоследности и контрадикторности во Новиот завет, та и самото раѓање и првата година му нанесоа главоболки на христијанството затоа што Исус мораше од Египет да дојди па во едно Евангелие иди од Египет во друго од Назарет а другите ниту споменуваат од каде иди.....
Библистиката е обемна но интересна наука, за сите овие проблеми со текстовите си се запознаени и црквите, додека кај католиците тие се проучуваат и се бараат научни објаснувања (во рамките на црквата) кај православната се потпираат на “не прашувај, така е како што велиме“. Сите овие мои тврдења, јас не ги измислив, околу нив се расправалио и дискутирало и полемизирало со децении и векови. Така да не е влакно во јајцето туку “жолчка во брадата“
 
Една работа која не верувам дека ја знаете.... Исус е плагијат на Митра, стариот бог од персискиот пантеон.
Да се биде христијанин?
1. Чесен човек?
2. Плагијатор?
3.Трпелив?
4. Уништувач на цивилизации (пагански,демек)?
5. Мирољубив?
6. Човек кој ги дели луѓето во "свои" и "други", а демек ги сака сите...лицемер?
7. Инквизитор?
8. you name it, we have it !

Ne ja znaeme, ili ne si pregledal drugite temi. Imashe takva tema, otvorena od strana na Garfield adminot.
 
Да Almah значи во превод од хебрејски млада жена, но како што и самиот рече значи и девствена т.е. жена која не била "откриена"за мажите-девствена или bethulah. Во прашање се функционални синоними.

Точно така. Almah (во тоа време, место и култура) си го има истото значење како и девица.
Еве уште еден дополнителен доказ за тоа:
Впрочем ако Матеј, кој го спомнува ова пророштво, знаел дека пророштвото не се однесува на девица, туку на млада жена, тогаш зошто би го "силувал" непотребно прорштвото и да "измислува" дека Марија била девица кога таа не била?
Ако пророштвото воопшто не говорело за девица, тогаш зошто Матеј имал потреба да го модифицира пророштвото, зошто имал потреба да лаже? Зарем не би му било полесно да си ја каже вистината?
Зарем некој го принудувал да ја прави девица Марија ако таа не била?
Одговорот е дека Матеј немал никаква потреба ниту мотив за ваква измама, и затоа чесно си ја напишал вистината.
 
Впрочем ако Матеј, кој го спомнува ова пророштво, знаел дека пророштвото не се однесува на девица, туку на млада жена,

АКО МАТЕЈ...
Матеј тој податок дека е девица го наоѓа вогрчкиот превод на стариот завет каде навистина пишува ДЕВИЦА. Тој превод евреите поради многуте грешки и вметнати текстови кои не му припаѓаат на Тората не го прифаќаат и гоотфрлија како неточен. Таму е преведено со ДЕВИЦА (стриктно).

Ете зошто Матеј милсли дека мора да е девица
 
????????
Или дека месијата (по стариот завет) треба да е “Од семето Давидово“ па така во Евангелијата се набројува родословот на Исуса од давида до Јосифа (татко му) за да на други места се вели дека е тој син божји (значи не е син на Јосифа).....

На ова требаше уште вчера да ти дадам одговор ама..некако ми помина незабележано.
Исус е божји син, а родословот по давидовот семе го добива по наследство. Сигурно добро знаеш дека тоа се случило и со самиот Давид кој кој дошол на престолот по наследство од Саул кога овој го прескокнал неговиот син Јоната,а ги имал уште два.Исто е и со Исус.
 
Или Исус е син божји (значи не може да биде од крвна лоза на некој си крал - човек) Или е Исус син на Јосиф, кој пак води потекло од Давида (по родословието)

Двете во едно ... не можат (би испаднало дека и Јосиф таткото на исус е роднина на бог)
 
Дај Член не е толку комплицирано освен ако не сакаш да прифатиш. Исус е божји син а лозата на Давид ја наследил преку Јосиф.
Нешто што било нормално во тоа време. (мислам на наследството)

Божји син - "Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание", - Колосјаните 1:15
Да појаснам се мисли на првороден кој е створен пред се друго да биде створено т.е. пред секое сознание.
Давидова лоза - по наследство како што можел Давид преку Саул да ја наследи лозата а да не му е роден син , така и Исус ја наследил истата по Јосиф.
 
Аврам го роди Исака, Исак Јакова, Јаков Јуда, Јуда Фареса, Фарес Есрома, Есром Арама, Арам Аминадава, Аминадав Наасона, Наасон Салмана, Салман Вооза, Вооз Овида, Овид Јесеја, Јесеј Давида (кралот) , Давид Соломона, Соломон Ровоама, Ровоам Авија, Авиј Аса, Аса Јосафрата, Јосафрат Јорам, Јорам Озија, Озиј Јоатам, Јоатам Ахаза, Ахаз Езекија, Езекиј Манасија, Манасиј Амона, Амон Јосија, Јосија Јоакима, Јоаким Јехонија, Јехонија Салатила, Салатила Зортовавела, Зоровавел Авиуда, Авиуд Елијакима, Елијаким Азора, Азор Садока, Садок Ахима, Ахим Елиуда, Елиуд Елеазара, Елеазар Матан, Матан Јакова, Јаков Јосифа (мажот на Марија која го роди Исуса)

Значи му припаѓал на лозата Давидова. Крал.
 
Ако гледама на тоа вака. Најпрво да напоменеме дека Исус е Син Божји, отелотворување на Бог во човек преку утробата на Марија. Во Ев. по Матеј родословот на Исус е запишан од страната на Јосиф(така правеле евреите), кој и бил маж на Марија и со тоа е законски, земен, татко на Исус. Ова родословие оди само до Авраам. Биолошкото родословие на Исус треба да се гледа од страната на Марија .Вo Ев. по Лука ке го најдете, и ова родословие оди до Адам:smir:
 
Мене ништо не ми значи ова.
Кажи ми ти мене дали Давид е директен наследник( по род) на Саул?
Знам дека го знаеш одговорот, па потоа кажи дали тоа не е случај и со Јосиф и Исус, ако прифатиш дека Исус е божји син (дури и теоретски во твој случај).
 
Ако гледама на тоа вака. Најпрво да напоменеме дека Исус е Син Божји, отелотворување на Бог во човек преку утробата на Марија. Во Ев. по Матеј родословот на Исус е запишан од страната на Јосиф(така правеле евреите), кој и бил маж на Марија и со тоа е законски, земен, татко на Исус. Ова родословие оди само до Авраам. Биолошкото родословие на Исус треба да се гледа од страната на Марија .Вo Ев. по Лука ке го најдете, и ова родословие оди до Адам:smir:

А од коа тоа кај евреите родословието (та и биолошко) оди по женска линија?! И од кога по женска линија е некој од СЕМЕТО ДАВИДОВО?, та и кога Јосиф со семејството заради пописот оди во галилеја тој таму оди “бидејќи беше од домот и племето Давидово“ Лука 2:4

Се е конфузно оти евангелистите кој најверојатно ниту биле евреи пишувале работи кои требало да ги поврзат со јудаизмот и да ги усогласат сите комплицирани релации во своите евангелија со старозаветните пишувања. Најчесто “позајмувале“ еден од друг од текстовите и придодавале свои мислења и видувања та така да имаме мнооогу спротивставувања.
На кој му се јавилдухот за да го најави раѓањето
Кога се родил
Како се родил
Каде бил кога се родил
Кога почнал да проповеда
Каде проповедал
Што направил
Кога е фатен
Кога е суден
Кога е распнат
Што рекол на крстот
Како течело воскресението

(да не навлегуваме во пораките и учењата), значи на сите овие прашања имаме по неколку можни одговори према евангелијата
 
АКО МАТЕЈ...
Матеј тој податок дека е девица го наоѓа вогрчкиот превод на стариот завет каде навистина пишува ДЕВИЦА. Тој превод евреите поради многуте грешки и вметнати текстови кои не му припаѓаат на Тората не го прифаќаат и гоотфрлија како неточен. Таму е преведено со ДЕВИЦА (стриктно).

Ете зошто Матеј милсли дека мора да е девица

Ок, извини, не знаев дека лично се познаваш со Матеј и дека ти објаснил зошто он пишал девица :pos2:
Џабе верглаш, Almah си е синоним за девица, млада жена, неоткиена од маж, девствена...тоа е нашата Марија :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom