Тоа е она што му дава смисла и радост на животот и на светот.
На сите луѓе кои ќе влезат во нашиот живот им даваме парче од себе, некому поголемо, некому помало, ама секој остава трага во нашиот живот и ние оставаме траги во нечиј живот. Некогаш позитивна, некогаш негативна. Нашите несигурности и стравови излегуваат на површина, но некако на крајот на денот исчезнуваат, затоа што сепак легнуваме со насмевка на лицето. И ќе не повредат еднаш, два пати, милион пати - некогаш намерно, некогаш не. Некогаш ќе си одат од нашиот живот, некогаш ние ќе решиме да си одиме од нечиј живот. И тоа боли. Ама чувството, оној момент кога сме се осеќале најсреќно на свет, со сите емоции, насмевки и мали препирања - вредат колку сите болки заедно. Затоа што кога ќе замижиме, оние среќни моменти се тука, со нас, секогаш. Дури и да не заврши со среќен крај, дури и да останеме сами. Ги имаме спомените. Не се сите љубовни приказни среќни, но спомените се такви. Затоа и постојат најубавите песни и најубавите книги. Сите се напишани од љубов и секогаш некој е нечија инспирација.
Дури и да заврши лошо - оние делчиња кога сме се осеќале поживи од било когаш - биле љубов и секогаш ќе останат љубов.
Порано мислев дека под љубов се важи она “...се додека смртта не не раздели“, “засекогаш“. И се уште се надевам дека е така. Но, исто така сум свесна и дека понекогаш животот не оди во правецот во кој сме се надевале, но никогаш нема да се предадам. Затоа што секој момент кој ќе го споделам со некого, секој миг на среќа кој сум го имала со некого покрај мене е еднакво на љубов, без разлика на завршницата. Љубовта може да е момент, може и да е вечност. Зависи од среќата, зависи од патеките на животот. Како и да заврши целото тоа патување, ги имаме спомените - и тоа е нешто. Подобро спомени од среќни времиња кои завршиле, отколку никакви спомени заради страв од повредување. Како и да е, ќе бидеме повредени. Некогаш самите себе се повредуваме. Се во животот е ризик, многумина ќе ни дадат шанса, на некои ние ќе им дадеме шанса. Тоа е животот, да им дадеш шанса на луѓето. Некогаш ќе ги исполнат очекувањата, некогаш ќе ни ги уништат сите илузии. Но, ако дозволиме на оние кои не повредиле да дозволат да ја изгубиме вербата во луѓето и да се повлечеме во себе, тогаш значи дека тие се оние кои победиле. Тие си продолжиле со својот живот и се среќни некаде и со некого, а ние се затвараме во себе и не дозволуваме никој да не направи среќни или да не сака. Зошто духовите од минатото да не победат и да го наполниме нивното его?
Сите сме биле повредени, но ако им дозволиме на тие што не повредиле да ни ја уништат сегашноста и иднината, кога веќе ни го сјебале минатото - тогаш ние сме површни и глупи и така ни треба.
Треба да се ослободиме од она “Засекогаш“ и тогаш навистина ќе може да видиме што е тоа љубов. Секој момент, секоја минута проведена во среќа со некого заедно е љубов. Можеби ние поинаку го нарекуваме тоа најчесто - ама тоа е тоа. Не мора да е засекогаш, доволно е да биде додека сме среќни заедно. Па ако излезе на крај тоа “среќни до крај на животот“ ќе биде уште поубаво за сите. А и да не биде - сме сакале и сме биле среќни. На крај од животот остануваат спомените и приказните.
Малце нешто денес сум пофилозофски настроена, па оттаму и овој поетичен пост. Ама ја видов темава и едноставно само ми дојде да го напишам тоа. Така се осеќав, така и го напишав.
Фала и кај вас.
