Што ве врзува за партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Се!:pipi: - (не знам како до надреден знак) :cautious:
 
Има повеќе работи. Главно љубовта па почитувањето кое е во голема мерка. Сме имале расправии али ни миг не можеме еден без друг. Тераме инает али само 10 минути. Значи конктретно е љубовта која ме врзува и почитувањето. Потоа се останато ..
 
Ништо не ме врзува. Ме врзува само фактот што ако раскинам со неа нема да најдам ниедна друга :)
 
Ништо не ме врзува. Ме врзува само фактот што ако раскинам со неа нема да најдам ниедна друга :)


Катастрофално лоша причина. Ризикувај и биди среќен или ограничи се и биди несреќен. It's your call, think about it :)
 
Катастрофално лоша причина. Ризикувај и биди среќен или ограничи се и биди несреќен. It's your call, think about it :)
Сум пробал јас скришум да си најдам нова (пробував неколку години) ама од пишаното не се бега. Ниедна не беше ни најмалце заинтересирана и затоа ке морам да си бидам со сегашнава. Не е лоша ама ми здосаде 10 години со иста. :(
 
Сум пробал јас скришум да си најдам нова (пробував неколку години) ама од пишаното не се бега. Ниедна не беше ни најмалце заинтересирана и затоа ке морам да си бидам со сегашнава. Не е лоша ама ми здосаде 10 години со иста. :(

Блазе си и на девојка ти.
 
Знае кога да заќути. Знае кога да каже нешто, побитно, што да каже. Знае кога да биде маж и да се однесува како таков, а кога да попушти. Ме смирува. И ми ја врати насмевката. Ми ја врати довербата. Ми подаде рака кога никој не ми даваше прст. Ме потсети на работи на кои јас одамна имав заборавено. Почнав пак да чувствувам со него. Светот ми е мало место додека сум со него.
 
Покрај него заборавам на се останато. Срценцето брзо ми прави тик-так, го имам најглупавиот осмех кога ќе го слушнам неговиот глас како ме буди. Заборавам на сите проблеми, нервози. Заедничките планови за нашата иднина кои уживам да ги слушам пак и пак и пак...
Неговата насмевка, грижа, нежност, заштитнички однос. Што е спремен да се спротистави на било што за мене.
А исто и јас за него. Што ме научи повторно да сакам, како што сум мислела дека никогаш повеќе нема да можам.
Не е лигав како мене, ама е најмилото мутаво уживаторче кое го сакам повеќе од се на светов :)
 
Во овој свет на лудило и се помалку луѓе, човечност вистинска реткост е да најдеш човек посебно партнер со кој ќе споделиш се.
Да е до тебе во добро и лошо, да можеш на него да се потпреш а не да се лизнеш. Да чувствуваш исполнетост кога го гледаш, да те смирува и расположува неговото присуство. Да знае да те почитува како човек. Кога има кавги и недоразбирања да ги решиш на смирен начин. Постојано да ти покажува дека му значиш, да знае да те насмее па и расплаче (ко ќе те побара за жена :icon_lol: ) Да те цени таква каква што си. Да те сака, разбира и заштитува. Искреноста, вниманието, посветеноста и желбата да те направи секој нов ден се посреќна и посакана...
Е тоа ме врзува за партнерот. Ти благодарам што постоиш мил мој партнеру и иден брачен другар :love:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom