Што ве врзува за партнерот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Љубовта ме врзува за него, не би можела да издржам еден ден без неговата љубов, насмевка, бакнежи...:)
 
Некоја необична сила која ја почувствувавме и двајцата кога се запознавме,фактот дека сме биле цело време толку блиску но никогаш не сме налетале еден на друг,туку требаше да се случи нешто што само на филмските платна може да помине во поглед на запознавање,како да ми падна од небо.
Љубовта,емотивната поврзаност,взаемното разбирање и надополнување,со него не ми се потребни зборови за да му кажам што чувствувам.
 
Разбирање , насмевка , смисла за хумор невидена , тоа што сме опуштени онака ептен и покрај тоа што малку се знаеме :)
 
Неговата љубов, почит и внимание што ги има кон мене:pipi:
 
Не бегај.
Кај нас финансиите уште не играат голема улога.
Кај тебе е малце поспецифично ;)

Ух поспецифично:P Гдје ме наџе сад:P

За мене не се важни, за другата страна не знам:P можам само да нагаѓам ;)
 
Ух поспецифично:P Гдје ме наџе сад:P

За мене не се важни, за другата страна не знам:P можам само да нагаѓам ;)

Зависи кој носи више тоа, а? :) :) :)
Не, не ми се важни парите, но дефинитивно не би била во врска со бездомник :)
 
Тоа што освен љубовта што ја чуствувам за неа посебно затоа што е првата девојка што сум ја засакал вистински, за мене претставува најголем пријател на кој можам да се доверам за се. Секогаш е тука за се, секогаш другите ги става пред себе. И физички и карактерно, се ме поврзува и не можам да се замислам со друга девојка некогаш. И најбитното, единствена девојка што мајка ми си ја сака за снашка:D:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom