А што треба да биде на нејзино име? Ќе биде заеднички, оти вака загледнуваат луѓето има пораст на разводи и слично и себичење, а не поради контроверзен став што јас изнесувам, па еве воуагер ме нарекува себичен.
Ако си океј со човекот и личноста со кој си стапил во брак кога ќе има проблем ќе гледаш да го решиш, а не да се делиш и граници да црташ.
Тоа е твое размислување и секако можеш да мислиш дека е така е исправно, твоја работа.
Исто и јас со моето размислување.
Само по себе оти тоа било пред 50 години, а сега демек модерни времиња па што, модерните луѓе многу знаат? Во ера со цела дигитализација и се најдостапно од било кога, луѓето во модерно време излегоа како најглупи во многу сегменти. И не правам муабет за школска писменост или елоквентност, туку за животна.
Многу работи во општеството функционирале поради ред и поредок и начинот на кој функционирале нештата се покажале, можеби не бил најдобар ама очигледно функционирале работите, за разлика од сега кадешто сите се зинати по нешто.
А обично тој што не се отселува останува со родителите, следствено на тоа синот ќе се грижи за старите родители, а не ќерката која ќе има нови грижи и обврски.
Исто така, кога веќе зборуваш за праведност, зошто на едното дете да му биде тешко во животот и да се мачи да гради куќа во денешно време кога знаеме колку е тешко, а другото дете да има 2 или можеби и повеќе имоти да речеме доколку и се остварат можности?
Целта како родител тебе не треба да ти биде да им дадеш пр. 1.000.000 ден за да биде еднакво, туку колку и да треба за му ги отвориш очите и напор да вложиш за да имаат здрава основа да застанат на нозе. На едното можеби ќе му биде 500.000 доволно, на другото 1.300.000. Си ги воспитал правилно децата доколку не загледнуваат во тоа и не си пререкуваат едно на друго заради нештото, туку имаат разбирање. Цел треба да постигнеш и да бидат на цврсти нозе застанати, а не само по себе да поделиш по математичка формула на 2 еднакви дела, според моите размислувања.
Ако имам