- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 4.022
- Поени од реакции
- 12.840
Добро е тоа што ти имаш само позитивни искуства, но факт е дека ова се реални очекувања од некои жени. Како што кажав, не е проблемот во очекувањата што ги имаат од мажите, што имаат некои стандарди и критериуми (тоа така и треба да биде), туку, проблемот е што за возврат истите тие жени, не го нудат истото. Нема ревипротитет. Еве нека не биде стан, ама барем некаква си финансиска перспектива, некаква идеја за сопствениот живот и сл. Мене ми е проблем двојниот стандард кој што се фура. Не може јас како жена да очекувам сопруг кој што сам ќе заработува, ќе обезбеди стан, ќе не шета по луксузни дестинации, а јас за возврат само да се смешкам и да уживам во тоа.Ова не постои јас не сум сретнал запознал женско да ова и услов да биде со машко.Најсериозно ова е нормално да имаш кров над глава каква таква кола и да работиш од што ке живееш? пример Најискрено не сум сретнал девојка сум бил во врска 9 години исто му доаѓа ко брак другари,сестра,пријатели,колеги па од факс вакво нешто да се вреднува машко Не.Шо си бараш тоа ке си добиеш од живот исто важи и за машко и за женско.Јас само едно не ми јасно од здрави прави плодни луѓе да нејчат деца и седат сами и псоле секој по свој пат псоле 30та година ми нема ниакква логика почнувам од себе ама за женско е тотално хаос...а живот лети премногу бргу барем деца нека има и најголем благодет ако човек има родители здрави па како така ги исчуваат и помагаат на 40 години не е лесно да мењаш пелени се си има свое време.Јбг ваљда очев инстикт ме фаќа.Мој совет правете деца и така на младите се ке остане без оглед кој колку години има.Староста и самотијата се страшни имав соседка не посакувам на никој такво нешто..
Имањето деца од друга страна е многу лична одлука. Не секој е подготвен да биде родител на одредена возраст. Дополнително може некој има здравствени причини за тоа, психолошки или едноставно го немаат вистинскиот човек покрај себе.
Семејството е благодет, но тоа треба да дојде исклучиво и само од желба, а не од некаков си притисок и оптоварување, не заради страв од старост или самотија.
Поентата на муабетов ми е дека премногу улоги си наметнуваме сами себе, и наместо да уживаме во животот, ние се оптоваруваме со работи кои не треба и не може да очекуваме да се случат преку ноќ, и за мажите, и за жените. Се изгубивме во тоа шаблонското живеење.
