Што ве иритира кај луѓето?

Ме иритираат луѓе кои:
- прават лице(тука спаѓаат и дудлачите)
- се прават дека знаат се, препотентни створења
- со сила сакаат да веруваат дека постои нешто што не постои
- се дигнати, што не слушаат што им се збори и битно им е само они да си се искажат
- се неинтелегентни а + не се ни трудат да ги разберат стварите
- се прават најинтересни во друштво и изиграваат кловнови

Имам да набројувам уште многу, ама ај да не испаднам после мизантроп...
 
Me iritiraat lazgovci,koristoljubivi luge,licemeri,prepotentni i uste kakvi ne...:pipi:
 
ме иритираат лицемерни луѓе,искористувачи,дволични,лажговци,премногу љубоморни,хистерични,самобендисани(нарциси)...
 
~*~

Ме иритираат луѓе што не ги почитуваат границите кои што сами си ги поставиле.
Патетик. :retard:
 
Епа сега ме иритираат многу работи на овој свет!!Прво ме иритира, студенилото на луѓето низ државава..Не знам дали тоа се должи на бедотијата и сиромаштијата која владее низ државава, ама може да биде подобро!!Ме иритира исто така што секој сака да те заебе, секој сака од тебе да ќари, да земе што е можно повеќе!!Ме иритира колку далеку може да одлета човечката злоба, во се завидлук, па дури и најдобрите ''другари'' ти вртат грб и те оставаат сам на себе!!Многу помалку другарство, љубов, поддршка,почит и другарство има!!Многу повеќе ЛИЦЕМЕРИЕ, ДВОЛИЧНОСТ!!Порано беше многу убаво!!Денеска децата од цуцла на млекце, на цуцла на коњак се префрлаат!!Го гледаш дете од 13години со џоинтот во уста бе!!А јас ко имав 13 г што се вели ништо не знаев!!!Исто така и мојата генерација..Сега по нашите дискотеки,кафичи, пабови барови можеш со автобус да идиш да правиш рација, така да..денешната младина нема ДЕТСТВО , го нема оној филинг да дојди викенд па ќе ни дадат 30ден. ќе одиме цел ден ќе седиме на улица, ќе јадиме леб и ајвар!!Ќе играме фудбал,миженка, и што не!!Сега децата во кафичи, со кока, момчињата со алкохол, девојчињата уште не опулени со 10души имаат излезено!!Мобилни имаат од 7 години!!Се е во ред..И мобилен, и кафичи (кока не:smir:), ама се во свое време да биди!!!!Некако младава генерација ми го скока периодот детство,она чисто детство!!Кога,се радуваш на Нова Година, дека ќе ти донесат пакетче за новата, па ќе се тепаш со братот/сестрата за кого ќе биде големиот балон, па после ќе ви купат уште еден, па ќе се чепкате кој бил поубав, па после ќе се смириме, ќе си играме со двата!!Фали периодот во недела да се искапеш, и да го гледаш Ушко,Були,Грашковците на Прва во 7 сатот!!Денеска младината во недела се шминка и се чуди во кој бар да оди.ТОА ФАЛИ!!!!!:smir:Каде води сево ова???
 
Повеќе работи се, ама ова се најважните и тоа:
1. лажењето
2. неправдата
3. озборувањата и не гледање на својата работа
4. дволични
е ова го мразамммм :nerv:
 
mnogu me iritira koga lazat, a be neznam sto zamisluvaat togas deka drugite se maloumni pa vo se im veruvaat:nerv: :angry3:
 
Слаткоречиви и лицемерни луѓе.
Материјалисти и скржавци.
Лажговци.
 
Единствени нешта кои не можам органски да ги поднесам и „сварам„ и никогаш да ги простам кај луѓето се дволичност т.е. лицемерие (Ти се прават другарки/другари а всушност свашта мислат за тебе), оговарање (оние што ти зборат зад грб зашто немаат храброст тоа во фаца да ти го кажат), лажење (не знам само кого прават будала, мене или себе?) и љубомора (зашто не си го гледаат својот живот правејќи го подобрар, туку умираат љубоморејќи на некој без некоја посебна причина)! Исто така не можам да поднесам мамини и татини мази што животот го поминуваат излежавајќи се!
 
Самобендисаност. :pov:

Пресметливост. :angry3:

Себичност. :nerv:
 
Коишто сакаат да дознаат работи за мене што не треба да ги интересира и коишто ми солат памет со “добронамерни“ совети!
 
ме нервираат лицемерни,дволични,гњаватори,луге кои незнаат шо сакаат,досадни и лигајчари.
посебно лицемерните ме нервираат!:nerv:
 
Во принцип не дозволувам да ме нервираат такво привилегија имаат само блиските.Најискрено многу ме нервира кога некој што не си го средил животот ми дава мене совети,кога некој е неодлучен,кога е некој дволичен и оговарана секоја страна.А најмногу ме нервира кога мене не ме прашуваат за мојот живот(не смеат)а ги прашуваат моите блиски.Тоа страшно ме нервира.
 
Подлоста!
Може во некој момент да ме изнервира некоја друга особина (пр. лажење, дволичност и сл.), но човековата подлост ме вади од кожа - секогаш и секаде.
Од навидум фини, љубезни човечиња кон околината (во состојба се да им ги излижат нозете на сите од кои зависат), а во себе праат планови како подмолно и безболно да стигнат до целта и при тоа исто се во состојба да ги исплукаат истите оние на кои им ги лижеле нозете ми се повраќа!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom