Данците успеваат истовремено да ја решаваат невработеноста и да имаат флексибилен пазар на работна сила
Данскиот модел- пример за останатите членки на Европската Унија
Секоја година се затвораат околу 250.000 работни места, но се отвораат исто толку. Еден од клучевите на успехот е што работодавците и синдикатот се движат во ист правец, а колективното преговарање е традиција стара цел век
Данска која е една од најконкурентните змеји на светот со својата
невработеност од само 5%, може да стане пример за останатите земји членки на ЕУ кои се соочуваат со голема невработеност и заостанување во конкурентноста во споредба со Азија и САД.
Успехот на Данска го привлекува вниманието на остатокот од Унијата, кој сака да види како Данците успеаа да се помират со флексибилноста на пазарот на работна сила:
полесно отпуштање и полесно вработување, со секогаш високи стапки на социјална сигурност и со исто така висока поддршка за невработените.