^ Абе економијата многу убаво личи на хартија
Иначе потрошив малце време и ја разгледав симулацијата, иако не е темата баш за ова али ај ќе искоментирам:
1. Намалување на вработеноста:
1 случај: Без антикризни мерки до 2013та треба да биде невработеност некои 25% проценти
2 случај: Со антикризни мерки до 2013та треба да биде невработеноста некои 17% проценти
(важно: Не спомнувајте сива економија, пишува дека ќе се намали сивата економија и со останатите антикризни мерки ќе бидат исполнети тие 17%)
Сега сме 2010: Невработеноста е 33% (не ми е гајле за сивата економија, јас не треба да се борам против нејзе), мислите ли дека барем ќе стигнеме до 30% невработеност во 2014та(не '13та)?
2. Пораст на БДП:
1 случај: Без антикризни мерки пораст на БДП од 3% на годишно ниво (до 2013)
2 случај: Со антикризни мерки пораст на БДП од 7% на годишно ниво (до 2013)
Сега е 2010 и од прилика порастот на БДП ќе биде од 3-5% на годишно ниво
Едни од најважните показатели за економската состојба на земјава... Не можев и другите да ги анализирам зашто тешко се доаѓа до податаци(на страната на заводот за статистика некои податоци се од 2008ма)....