Извини што имам мое мислење врз база на туѓи доживувања. Што ако јас сум немала поим како е да се има суканица, според тебе не можам да коментирам автоматски ? :icon_roll
За да имаш суканици се пушта прилично подолга коса, а со тоа и се зголемува опасноста за твоето горе-цитирано ЛОЛ. Има случаи и ден-денес .. што к*р ако сме 21 век кога луѓево сеуште фаќаат вошки?
Јас гледам на тоа како лоша одлика, убаво кажав ЗА СУКАЊЕ ЦЕЛА КОСА.
Што мислиш ти, твоја работа.
Прва ствар.
Должината на косата нема ВРСКА со фаќање на вошки.
Тоа нека ти е јасно. И заборави баба ти шо ти зборела.
Имав подолга коса од твојата дупло, имав коса под газ, НИКОГАШ, ама Баш Никогаш не сум фатил вошки во тие 14, скоро 15 години.
За разлика од брат ми, шо имаше косица кратка, не со машинка шишана, али кратка, а има фатено вошки у основно.
Вошките сакаат влажни места.
Ти имај колкава сакаш коса, ако убаво ја исушиш, немаш гајле.
А сеа, да се навратиме на суканиците.
Прво, убаво сукана суканица, вода не влага у неа, значи, не се влажни, затоа, заборави за вошки.
Второ, убаво сукана суканица, доволно е еднаш да го измиеш темето на главата неделно, и косата не мириса, ама баш воопшто.
Чак што више и, можам да слободно да кажам дека е по хигиенски од обична долга, пуштена коса.
А што се однесува до изгледот, ствар на вкус е, тебе не ти се допаѓа, мене кај одредени фаци ми се свиѓа, кај одредени не.
И, за крај, немора да имаш суканица за да си компетентна да коментираш, ама кога више не си воопшто информирана и си ги базираш мислењата на маалски бабини стереотипи, ич не коментирај.
Ако можам ја да ќутам во авијација и политика, моеш и ти тука...