Класичен егземплар си на синдромот "на комшијата да му умре кучето"

Синдромов сум забележал го има кај Сите, претпоставувам има некаква био-еволуциона улога но немам задрено нешто повеќе во неговата есенција па нема сеа да спекулирам. Често ми се случува да се фатам себе си под ефект на синдромов, дали предметот на обзервација бил успешен и самоуверен човек или само медиокритет со високи амбиции, мене првичната, онаа инстинктивна предетерминирана мисла ми е "колку само нема да успее" или "оу колку ќе го боли ко ќе падне".. Неќеш да знаеш какви све филмови ми праеше мозокот оној коа рипаше скоро од вселена, сеа неодамна, ти текнуе? И шо се деси од тие филмови? Ништо. Човекот Успеа и сеа држи гинисов рекорд за најдолг freefall.
Истите филмови мозокот ти ги праи коа глеаш скејтери коа пробуваат убер амбициозни трикови, али интересното е што, веднаш штом дејствието на набљудување заврши успешно, мозокот инстантно ги заборава сите претпоставки у кои до пред 2 секунди веруваше стопроцентно (се праи луд) и му е драго (или барем сеа тој филм си го праи) што обидот успеал, па следи олеснување и честитање и тако даље.
Еве и Леа прашај ја шо и рекле Сите, првично, коа им кажала дека ќе иде во Германија? И шо се деси со тие муабети? Курац. Посреќна е него икада, или бар така вели.
Значи има нешто во сите нас што туѓиот успех ни го праи непосакуван, само разликта меѓу мене и тебе бот, е шо ја сум свесен за овој момент на мојата психа и Одбирам да не делувам како примитивно животно туку да се издигнам на едно повисоко ниво кај шо постојат идеали, етика, амбиции и сите тие филмови. Тоа што не си свесен за оваа и мн други работи кои те предетерминираат, фактички и оставаш тоа да се дешава, се препушташ нa "судбина" и завршуваш со вакви, плитки мислења и ставови

Ако си ќутам бар падот ќе ми бил полесен

Абе ај шо ми кажа

Знам, бот. Свесно и намерно "се фурам" јавно, затоа што тоа е једини начин да си креираш leverage. Једини начин да вложиш во амбицијата.
Со тоа што ја еманираш идејата од светот на идеи во реалниот свет, на луѓето им ствараш очекувања а себе си си ствараш страв од неисполнување на таа морална обврска. Страв што сега фактички работи во твоја корист, затоа шо си напраил ситуација во која има што да изгубиш, пошо имаш вложено

Пример, неодамна си дадов за задача да си го пицнам телото. Уше пред да почнам со проектот, на сите најблиски им се фурам "епа ќе вииш каов ќе се напраам!" За ако не мрдам од место, да ми јадат гомна и да ме боли. За сеа, коа мозокот ми одбива послушност и неќе да иде до теретана, баш тој момент го предомислува

Реално што имам да изгубам ако имам амбиција што никој не ја знае? Ништо. Сакаш да земеш се, а неќеш да вложиш

Неможе пеер, у покер тој шо не стаил чипови у влог нема право на добивка ^^ Го сфаќаш ваљда концептот на all in?

Така да мојата гордост, мојот статус во општеството и егото пред се, се влог за мојата амбиција, се жртва. Епа иди после и не успеј да те видам xD