Цело тоа жртвување, е субјективно. Ако некој едвај преживеал собраќајка, (се надевам не) и потоа работите горе доле во животот му се сменат на подобро, или се врати во нормала после шокот, за него било кој психички - емотивен притисок, би бил со осетно помал ефект во споредба со она што тој го доживеал претходно.
Ако некој друг целиот свој живот го носеле на раце, потекнува од ситуирано семејство, немал никакви проблеми, за него обична караница, или прекин на врска, може да делува како огромен емотивен шок, скоро еднаков на тој со собраќајката кај другиот пример.
Луѓето различно ги доживуваат работите, т.е. го осознаваат животот и проблемите во него. Така да тоа што некој се осеќа посилен од нив, или проживеал потешки проблеми, не му дава дозвола да се чуди, ефектот од проблемите е различен кај сите, жртвите кои за некого се ситиници, за некој друг се големи колку планина, затоа што тие можеби никогаш претходно не направиле никакво залагање за некого во животот, кое ги става нив самите во втор план, никогаш не се осетиле како "луѓе од втор ред" заради туѓа корист.
Карактеризација според возраст, е исто така не-соодветна. Не е соодветно е да се споредуваат екстремни случаи на немаштија, и неприкладна социјализација, со некој кој живеел нормално, затоа што целата проблематика е крајно субјективна и индивидуална.