Се додека не се променат општествените вредности, се дотогаш ќе имаме вакви појави. Заради тој секс, генерации сме истрауматизирани како до супер егото што е наметнато врз нас од општеството, како од нагоните, како од филмовите (рака на срце нема човек што не е засегнат од тоа) па сите оние човекови вредности, онај вредносен систем е пореметен.
Вредносниот систем, желбата пред време да се биде возрасен, безработицата (не само онаа што се плаќа) е она што ги тера младите на такво однесување. Делумно кривицата е во училиштата. Место младите да се организираат на начин да им даваат задолженија а со тоа да добијат некаков бенефит, како што е во западните земји каде и во град со 4500 жители има повеќе забава отколку град од 450 000 жители, кај нас таа запустеност на децата доведува до ова.
И што таа 13 годишна девојка, ќе ужива во сексот на 23 години? Или ќе се чувствува на 20 години откако емоционално и интелектуално ќе созрее како искористен партал од некој исфуран 16 годишен кој откако ја гледал Силвиа Саинт сакал да го брцне во некое пиче!
Не е само до ангажманите, ниту конкретно до стањето у наѓава земја.
Тоа ти е еден глобален тренд, каде и сексот се комерцијализира, а моралот и некои суштински вредности се претставуваат као нешто веч виџено и досадно.
Доволно е да се разгледаат рекламите и Hi5 профилите, за да стане тоа очигледно.
Вриеш со 14/15 годишни модели кои позраат у еротски стимулативни пози, имаш милиони профили на хај фајв на кои имаш деца (по години) шо се сликаат со подзината усти, у прслуци...и се друго што асоцира на секс...Едноставно све околу младиве вришти, соблечи се и плесни се со некој, тоа е ин.
Како да го апстрахираш детето од тоа?
Освен ако не го однесеш у планина и го изолираш, нема друг начин да го избегнеш директното и индиректно влијание на околината кое ја носи пораката идентична од онаа на последната сцена во Eyes Wide Shut: "We need to do one very important thing soon: "Fuck."
Не ме сфаќај погрешно, не е суштината на мојот аргумент признавањето. Јас точно за ова ти зборам. Зошто на промискуитетот и на големиот број на партнери се гледа како на негативна работа. Зошто да треба да се прикрива сексуалната активност како да е некој криминал. Сеа фала богу не треба да се цени како доблест, ама многу беспредметно е предрасудното осудување.
Факат е дека машката примитивна желба за сељачење е еден од најголемите причини зошто женските љубат да се класифицираат како поштени. И сеа од тие предрасудни препреки, многу помалце секс се прави во глобала, отколку би се правел кога не би имало такви предрасудни моменти.
Шо мене ме доведува до заклучок, дека има некој фактор во државава шо ни ја намалува сексуалната активност. Кој?
Факторот е прилично јасен: патријархално затуцаната оставштина од минатото, која тврди дека женското треба да го сфаќа сексот повеќе како обрска кон машкото, и да го споделува со најмногу двајца тројца у кои као ќе биде смртно заљубена.
За женското уште е табу сексот кој се заснова на чиста телесна привлечност и е со цел задоволување на страстите. Кај цурите мора да постои као јака причина, романтична љубов, за да легнат со некој.
Мислам и самата фраза, ми даде, укажува на тоа дека од женските се бара нешто, нешто за кое треба да се трудиш и кое не го даваат самоволно.
И за да не отупувам со муабетов...Осеќам како се повеќе и повеќе се руши таа затвореност. Ипак, од генерациите на нашите баби до сеа, постои огромна промена у отвореноста. Така ќе биде и со следните генерации. Верувам дека у иднина нема женската сексуалност да биде претставувано ко нешто страшно валкано и вредно за јавен потсмев.