А што точно менува во животов, тоа дали женските над 15-16 години отворено разговараат за сексуалната си активност? Треба така, не треба, смее, не смее, добро е, не е, мора, не мора... Како треба да изгледа тоа отворено разговарање?
Ако темава тврди дека се` женско што има секс треба да полага рачуни на светов што и како прави во кревет, онда е глупа (поентата).
Има 13 годишни што имале секс (сега имаат побајаги години), лично познавам. Исто како што познавам и 17 годишни што не сакаат ни да чујат за секс, исто како што познавам и 19 год. со абортус зад себе, и тоа не еден. Без групирање во кошови, има и тоа и тоа, колку... Не знам. Ама има.
А дека 13 годишни се ебеле како порно ѕвезди, мало морген. Знаете како изгледа девојче, на 10 (+ 3) години? Шесто, седмо одделение? Одвратна и одбивна ми е помислата, на првото девојче од таа возраст што го познавам, да има секс. Несоодветно, и од физички, и од психички аспект. 13, еј. Таков/таква зелен/а кога ќе земеш да го информираш и едуцираш, наместо делот кај што треба да му влезе во глава како да се заштити, ќе му влезе се`, освен тоа. Зашто е дете. И мозкот на дете, не функционира најпрописно кога е оваа тема во прашање, затоа што му е ново, забрането, што му го прави интересно, и заборава на "џандарскиот" дел, за сметка на тоа да проба кога е можно побрзо. А инаку, освен ова, прераното почнување, друг проблем не гледам. Ниту зашто да немаат секс, ниту зашто да (не) разговараат отворено.
16 години, добро, нагоре... Пак, не е 13. Уствари што, денес е срамота да си невина на 20, како што прочитав погоре... А на 13 не. Океј.
И доста со тоа барање - давање системот. На страна со менталитетот "проблемот", толку ми е излуфтирано и неинтересно за зборување тоа, што го заборавам. Ми текнува на еден час во моментов, кога проф. расправаше за тоа како мажите се правдале со "си имаме ние потреби". Немаат жените де, мува не ги лази. Тоа само пошто мора да дадат, иначе не.