Што превозно средство користите? [ваши автомобили, мотори и тн...]

  • Креатор на темата Креатор на темата викацот
  • Време на започнување Време на започнување
За низ град ВВ Кеди 1.9TDI, 2010 година. Простор колку сакаш, прегледно, економично... Ново си е ново, нема што да му мислиш.

За зима и за на терен, Мицубиши Пајеро (Паџеро, ватевр) 2.8ТД од 1996 година (долг). Возни својства спрема Кедито како на камион - наоѓање на паркинг знае да биде проблематично понекогаш а и троши дупло повеќе. Од електроника има светла и радио, друго не ми ни треба. Едноставно, поради тенките А,Б и Ц столбови многу попрегледно од Кедито, моќно и направено да трае. Живеам на проблематично место во градот, па кога има снег се вози само тоа, Кедито минатата година не се возеше од средина на декември до средина на Март. Слично е и годинава...

Махиндрата (1970 година) му го отстапи местото за офроуд на Пајерото, сега е на заслужен одмор. Повремено ја палам и ја развозувам. Во изминатите 4 месеци има помалку од 50км поминато. Следна поголема километража на некоја олдтајмер изложба, таму сум редовен со татко ми.
 
Bmw 318tds и кинеско скутерче 125cc :)
Која година е бенџото? како си задоволен од него, колку троши градска итн
едно време бев загреан за такво, 99 ми се чини беше
 
Која година е бенџото? како си задоволен од него, колку троши градска итн
едно време бев загреан за такво, 99 ми се чини беше
Моево е 96та (compact) со фул опрема (ок, нема кожа) каросерија и мотор одлични.
Градска 8, отворено 4,5-5, ама сега го чипувавме (беше 90hp) и сега се осетува разлика а и потрошњата намали на 7 градска и отворено 4:) Но се зависи како се вози, на отворено спушта и до 3,5 низ град и до 6,5.

Сега сакам на изглед да си го средувам. Пред 2 дена земав бадаши 17" 225/45, па сега стаклата да ги затемнувам и жмигавците, па понатаму ќе видиме!
 
Колку коња е сега?
 
keeway003.jpg

Цело Скопје го вртам, и така по закон ништо друго не смеам :D
 
keeway003.jpg

Цело Скопје го вртам, и така по закон ништо друго не смеам :D
И јас имам ваков ... да ти го продадам за делови да не сакаш ефтино :) комплетен е ама другаров ја изгуби сообраќајната, неможе да извади нова по законов наш итн итн ...
инаку цел е со спортски делови, ауспух итн

ми дреме како трет мотор и вишак ми е, ако има некој заинтересиран нека пише ПП
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom