JeepMkd
Scratch model builder
- Член од
- 25 јуни 2008
- Мислења
- 1.576
- Поени од реакции
- 468
За низ град ВВ Кеди 1.9TDI, 2010 година. Простор колку сакаш, прегледно, економично... Ново си е ново, нема што да му мислиш.
За зима и за на терен, Мицубиши Пајеро (Паџеро, ватевр) 2.8ТД од 1996 година (долг). Возни својства спрема Кедито како на камион - наоѓање на паркинг знае да биде проблематично понекогаш а и троши дупло повеќе. Од електроника има светла и радио, друго не ми ни треба. Едноставно, поради тенките А,Б и Ц столбови многу попрегледно од Кедито, моќно и направено да трае. Живеам на проблематично место во градот, па кога има снег се вози само тоа, Кедито минатата година не се возеше од средина на декември до средина на Март. Слично е и годинава...
Махиндрата (1970 година) му го отстапи местото за офроуд на Пајерото, сега е на заслужен одмор. Повремено ја палам и ја развозувам. Во изминатите 4 месеци има помалку од 50км поминато. Следна поголема километража на некоја олдтајмер изложба, таму сум редовен со татко ми.