Што претставува мобилниот телефон за вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата marija aleksova
  • Време на започнување Време на започнување
Бидејќи почесто сум без кредит отколку што сум, ми служи како аларм и часовник.
Порано го користев и како MP3-плеер ама ми “рикнаа“ батеријата, слушалките и мемориската картичка и со тоа како да се вратив неколку години наназад кога си бев со првата љубов Nokia 3310. Откако имам Интернет дома, заборавив и да пишувам SMS-пораки и да пуштам сигнали (немам обичај да се јавувам од мобилен некому за муабет), па и ќе ме блокираат од T-Mobile и така ќе си стои 2-3 недели, го влечам со мене само за да гледам часот колку е :)
 
Since мобилните ја изгубија основната функција, мојот телефон за мене претставува играчка, неколку предмета во еден, мп3/камера/аларм...

А се дешава некад и да се јавам.
 
да си слушам музика, да се јавам на некој од мојте најблиски, да послушам музика, да пишувам пораки и тоа...важно да ти сврше работа :smir:
 
Обична направа која служи за зборување и за слушање музика и сликање со камера некаде.
 
Освен за трошење на парите со кои би можел добро да се рашетам некаде, го користам за правење муабет и секако слушање музика. смс не праќам ме мрзи да пишам
 
Пред се, за комуникација пошо фиксен не користам што значи доста долго време минувам на муабет од мобилен. А освен тоа пошо се` поддржува самиов мобилен, сешто правам на него..од игри, до дремење на интернет, слушање музика, читам книги, сликање :pipi: Генерално гледано, само еднаш си го имам заборавено дома телефонот и цел ден се осеќав нервозна хахаха
 
мој сопатник :) го користам за комуникација, интернет, играње, слушање музика.....за се и сешто
 
Досадна направа понекогаш,понекогаш за тепање досада,најчесто корисна. И саат нормално
 
Ало,ало направа,МП3 за во ВЦ и со слушалки пред спиење,солидно камерче за некои моменти,смс кога има некоја промоција бесплатна :D....и немам обичај да ги чувам
 
Секако за комуницирање добар е врши работа, ама за мене е предмет кој ми тежи во џебот .. :/
 
Телефонот ми претставува средство за комуникација.
Покрај тоа понекогаш го користам како мп3 плеер или итно да прогуглам нешто на нет, ама ретко тоа пошто не се замарам, а и немам време за такви ствари. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom