дефинитивно паметам повеќе лица отколку имиња може да те видам некаде и да знам дека сум те запознал некаде и да не се сетам на името ама тоа е имам правено мубет со љуѓе кој воопшт не ми ни текнувало од каде се познавам ама ги познавам по лицето и да ме убиеш нема да ми текне како се вика некој у тој момент
Лица помнам многу подобро . Не знам на што се должи тоа , можеби бидејќи `делата говорат повеќе од зборовите` т.е ми останува во меморијата некоја реакција,поглед, движење ...
Не дека со имињата тешко ми оди, ама не секогаш ми текнува а лицата ги помнам со сигурност. Што е уште полошо, може да видам некој/а, да знам дека ми е познато лицето, а не само што не ми текнува на името, па не ми текнува ни кој е уствари тоа - роднина, колега, познаник...
Имам таква среќа што чим видам еден човек одма знам каков е, па така да подобро памтам лица отколку имиња. За некое име да запомнам треба повеќе пати да бидам во контакт со тој човек или повеќе пати да се спомне истиот за добро да му го запамтам името. Посебно назначено е ова кога се запознавам со некоја личност. Лицето одма ќе и го запамтам и некогаш повторно да го видам на улица одма ќе го знам, но името ќе го заборавам минута по запознавањето.
Лица. Човек на улица, на поминување да го видам, на две секунди само, следен пат ако го видам одма ми текнува од кај го знам. Имам доста добра меморија и ептен памтам ситници.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.