Што подобро помните: лица или имиња?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Лица или имиња? Што подобро помните?

  • Лица

    Гласови: 145 57,5%
  • Имиња

    Гласови: 28 11,1%
  • И двете

    Гласови: 53 21,0%
  • Ниедно, не се замарам

    Гласови: 26 10,3%

  • Вкупно гласачи
    252
Значи што повеќете приметувате и побрзо запомнувате?
Имиња или лица?
Или подеднакво добро и двете ги помните?
Или воопшто не забележувате ни едно ни друго?
И нормално пишувајте повеќе од еден збор, другото ќе биде избришано.

Премногу памтам лица, доволно ми е 3 секунди да го видам, случаен минувач, човек во автобус и слично, ама не секогаш се сеќавам каде сум го видел и се нервирам кога неможам да се сетам.

Unlike имињата, треба по стопати да ми ги кажат...
 
Лица.. А имиња.. Не се замарам со тоа.. хахахаха :pos2:
 
ни едно памтам ни друго памтам :icon_lol:.
Али кога би споредил , појќе памтам лица отколку имиња ,каде каде појќе.

На цимеро 2 месеци му го учев името како му е :pos2:
 
Дефинутивно лица повеќе.Доволно е само да видам некого на секунда за да го запамтам неговиот лик а имиња...подобро утепај ме него да ме натераш да се сетам на име.Дури и кога се запознавам со некого после 3 секунди пак не му го знам името:toe:
 
Лицата им ги памтам на сите што ќе ги видам барем еднаш :vozbud: Бајаги ми е полн мозокот со такви непотребни фаци и информации за нив али често се дешава да не им ги знам имињата. Така да повеќе памтам фаци од имиња!
 
Зависи.На пример ако се женски се памти телото,какво лице какви имиња.Ако се мушки ич не ги памтам.
 
Памтам и лица и имиња,еве на пример,летово запознав на одмор едни дечки(тројца),и сега ако ги сретнам пак,верувам дека ќе ги препознаам,а се викаат Александар,Саше и Диме:DROFL:D
 
Лица подобро памтам. Дефинитивно.. :icon_lol:
 
Лица...имињата ми се слаба страна..т.е. кога се упознавам со некој никад не го слушам шо збори :kesa: така даа...:toe:
 
Не забележувам многу ниту лица ниту имиња но во секој случај кога би бирала, дефинитивно паметм повеќе лица.
Има многу личности со кои комуницирам а не знам како се викаат, сум го запомнила ликот но името не.
 
Лица.. ми се случува некогаш да се сретнам со некој/а да незнам како се вика па да користам изрази како „кај си маче?“; „еее срцка па кај си ти“ или нешто слично... ретко памтам имиња, ептен ако нешто ме привлече кон личноста па да му запамтам име иначе не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom