Што не` прави нормални

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Граница меѓу нормалното и ненормалното-нема.Или ако постои тенка е таа граница.Еве зошто:во целиот свет не се усвоени истите норми на поведение/однесување.Ако кај нас е ненормално човек постојано да има халуцинации,и автоматски го прогласуваме за ненормален,во некои африкански црнечки племиња постојаните халуцинации,особено кај жените се сосема нормална појава.Има ред други вакви компарации меѓу нормално-ненормално,ама ме мрзи сега да пишувам.:smir:
 
Што е тоа што нас не дефинира како нормални, кои се тие граници, како знаеме дека сме нормални (кој/што е репер за нормалност)...
кој знае нека пишува баш ме интересираат одговори на оваа тема.

Си било едно кралство, со добар крал и сите си живееле среќно. Арно ама, во кралството имало волшебник кој многу сакал да биде sultan instead of the sultan и он турил у бунарот магична напивка од која се полудувало. Така, бидејќи тој бунар сите го користеле, сите се напиле од напивката и полуделе, освен кралот кој, сомневајќи се во лојалноста на волшебникот, не се напил од водата. Ден два потоа, сите сфатиле дека нивниот мил крал полудел и го бапнале во лудница.

Знам дека сум нормален бидејќи понекогаш се прашувам дали сум луд.
 
Си било едно кралство, со добар крал и сите си живееле среќно. Арно ама, во кралството имало волшебник кој многу сакал да биде sultan instead of the sultan и он турил у бунарот магична напивка од која се полудувало. Така, бидејќи тој бунар сите го користеле, сите се напиле од напивката и полуделе, освен кралот кој, сомневајќи се во лојалноста на волшебникот, не се напил од водата. Ден два потоа, сите сфатиле дека нивниот мил крал полудел и го бапнале во лудница.

Знам дека сум нормален бидејќи понекогаш се прашувам дали сум луд.

Интересна приказна за да се долови поентата на младите дечиња кои што сакаат да веруваат дека се посебни или нормални.
Кој во што сака да се спакува.
 
Мислам дека нема едно дефинирање за нормалноста!Нешто што некој го смета за нормално однесување,јас можеби не,или пак моето НОРМАЛНО,за некој друг не е нормално!Сето тоа е индивидуално,зависно од тоа кој како ги гледа и расудува нештата и луѓето!
 
Normalno e izgleda se sto ti nametnuva drustvoto i opsestvoto i nie kako edinki bi trebalo da se naviknuvame na toa i adaptirame a ne opsestvoto na nas .Izgleda taka e najispravno.
 
Да,најкомфорно е да бидеш конформист:)
Што не` прави нормални?Да знаеш дека и тебе те чешаат гениталиите понекогаш или ти се крева наутро и покрај сите напори да се издвоиш од ''простата маса на луѓе'' која го предизвикува тоа чешање. Тоа е нормално :pipi:се друго е под прашалник:)
 
Да,најкомфорно е да бидеш конформист:)
Што не` прави нормални?Да знаеш дека и тебе те чешаат гениталиите понекогаш или ти се крева наутро и покрај сите напори да се издвоиш од ''простата маса на луѓе'' која го предизвикува тоа чешање. Тоа е нормално :pipi:се друго е под прашалник:)

Никој не ги негираше животните функции(потреби) кои што успеа да ги измешаш со појавата на комформизам.
 
Па никој не ги негираше де.Затоа е и нормално. Сите животни функции и потреби со чесни исклучоци се нормални.Веројатно имам право да кажам што не прави нормални,се изјаснив во крајно буквалистичка смисла на прашањето,што мене лично ми излезе доста интересно,и успеав да вметнам малку шега со конфор и комфор:). Не сфаќај се лично де:smir:
Комформизам можеби значи исто што и конформизам исто како и филозофија и философија,иако во буквален превод тотално се разликува смислата на поимот, секако,постојат разлики. А ако си мислела на комформисти-луѓе кои се однесуваат складно со нормите и очекувањата,или конформисти-лесно приспособливи луѓе, што одат по линијата на послабиот отпор,тоа е ист производ во различно пакување,само цената можеби варира.
 
:cuc:
Razorblade Kiss напиша:
конформисти-лесно приспособливи луѓе, што одат по линијата на послабиот отпор,тоа е ист производ во различно пакување,само цената можеби варира.
Најпрвин, и да е човек конформист, како нешто погрдно, и да го прави тоа нормален, не знам зошто треба да биде тоа погрешно или лошо. Секој одбира начин на функционирање кое го прави среќен. Не му се мешај, и сите сме среќни и задоволни.

Потоа, конформисти се оние луѓе кои ќе го одберат најлесниот пат до целта, кој е најчесто погрешниот според мене. Погрешен, бидејќи вклучува измама од секаков вид, а тоа не ми се допаѓа.

Под претпоставка дека сите прават прекршоци денес, практично сите одат по истата линија на конформизам, само што, сфаќањата за конформистот се погрешни, тоа не е овца која следи правила очигледно, туку магаре кое мисли дека прави нешто посебно и интересно, а всушност е само дел од статистиката, токму заради тој факт дека сите сакаат да стигнат до целта по пократкиот пат.
 
normalni ne pravi ako sme ludi kako sto e ludo mnozinstvoto, ako sme ludi od poseben vid, togas sme nenormalni za okolinata. ako ne licis na nisto te proglasuvaat za freak.
 
Вклопувањето во средината не’ прави нормални. Секое одстапување од неа е „ненормално“.
 
Нормален ме потсетува на обичен .
Затоа одбивам да одговарам на прашањето што ме прави обичен ,ист како и сите останати...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom