Што може да ви го расипе денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Расипан мие ... ми се спие, а ми се излага :(
 
во вторник денот ке ми стане за никаде 2 теста 1 ке добијам леле:tapp:
 
Една одредена личност шо не мом да ја гледам... И чколијана друго ништо
 
смуртени сурати околу мене ... уфф ме нервират :nenene:
 
Професорката по Англиски...Таа најчесто ме нервира од сите...
 
Уф многу работи можат да ми го расипат денот... За жал... најмногу напнати и нерасположени луѓе околу мене.
 
Кога имам закажано нешто и кога ќе ми јават: Леле абе извини стварно не можам, ми излезе нешто "итно"... бла бла и ќе ми расипе цел ден...:jaj:
 
Лошо спиење. кога ќе се разбудиш сабајле бетер поуморен отколку што си бил пред да си легнеш. Ко да си копал цела ноќ, а не да си спиел....

+ смуртени фаци
 
Некои болни спомени од минатото, неочекувани резултати, неубави случки поврзани со блиските... Во принцип тоа.
 
Кога имам закажано нешто и кога ќе ми јават: Леле абе извини стварно не можам, ми излезе нешто "итно"... бла бла и ќе ми расипе цел ден...:jaj:

То знае и недела да ми расипе, вакви понашања у 5 до 12 мразам освен ако не е нешто итно.
Друго....стуткани веѓи, намрштени фаци, мрчала, фејк насмевки, неочекувани лоши вести пред прагот.
 
Да не оди така како што јас ќе го испланирам.А бидејќи тоа се случува скоро секој ден...секој ден по малку ми е расипан.
 
На крајот на краиштата се е ситница. Она што најмногу ме вади од такт е неправда, дали мене ми е нанесена или на некој пред мои очи. Тоа ме пизди максимално и понекогаш иам потреба да помогнам колку шо можам на тој шо му нанеле неправда.
А ако мене ми е нанесена неправда, тогаш се поместуваат планини и мислам кај да ги закопам мртвите тела.
 
Па најчесто не дозволувам никој со ништо да ми го расипи денот ама веќе кога се десвит то е мојот брат ...
 
Шо ми расипује денот?- Па само учењето ништо друго :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom