Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.295
- Поени од реакции
- 26.697
Исто како и во животот, имаш од страшно добри дечки, до просечни, па се до такви кои тврдат дека се познати на светско ниво во литературата. Проблемот е тоа што не го гледаш оној со кој муабетиш, фацилајни изрази, гестикулација, тон, боди ленгвинџ итн. Разноразни фрикови како оние од последната група го знаат тоа и под маската на виртуелността можат да настапат онлајн подобро, нешто што не им оди во фејс ту фејс комуникацијата. Тоа е единствен но и голем хендикеп наспроти запознавањето во живо. Многу е битно како ќе се поставиш, дали имаш искуство во проценка на карактери и како ќе ја хендлаш ситуацијата. Јас од мирц па се до денес имам запознавано луѓе со кои и ден денешен сум во контакт, некои од нив и тоа не малку ми се во најблизок круг на пријатели, кај едниот сум на свадба наредната година, другиот ме покани и му отидов во Берлин каде што тогаш живееше, биле кај мене, сум бил кај нив, сме правеле кафани, частовки, збиранки, седенки во парк... Многу, ама стварно многу му должам на нетот за тоа. Имало и непријатни искуства ама тоа на почетокот кога влегуваав во оналајн водите. Со тек на време се брусаш и нетот ти е само алатка за многу корисни информации и нови познанства.
Ама дефинитивно ако се нема искуство не би препорачал на многу отвореност и безгрижност и ова важи дупло за девојките. Има секакви манијаци, лжови, преваранти, идиоти. Некогаш авторитетот и интелигенцијата знаат да излажат, многу паѓаат баш на таа карта, ако некој делува импозантно, интелигентно и/или фино и дружељубиво не значи дека не е куртон прва класа. И споритвното, оние што делуваат дрско, безобрано и директно не значи дека не се фиљан луѓе, од искуство сум научил дека баш таквите се најдобри, ќе ти каже се што мисли, и ќе ти помогне. Многу повеќе сум пазел од оние што сите ги сакаат, оние екстра фини, екстра забавни, екстра дружељубиви фаци. Сајбер или несајбер, во животов најголемите преваранти биле токму од тој профил-Влегува во кафана со 200 непознати луѓе, и после пола саат веќе сите го сакаат и договараат нови средби со него и криво им е кај бил човеков со сега да се појави. Тие се отров. Да си ја поздравам и старата гарда од форумот иако поголемиот дел од нив се неактивни. Порано стварно имаше и дружба и човечишта.
Џесика, ела бе ќерко појави се на некоја збиранка да ме видиш. Мене како многу смотан гик не ми било проблем да се појавувам на збиранки, па ти ли покусо да остануваш?