Што мислите за запознавање на Интернет?

  • Креатор на темата Креатор на темата Marcys_DE
  • Време на започнување Време на започнување
Исто како и во животот, имаш од страшно добри дечки, до просечни, па се до такви кои тврдат дека се познати на светско ниво во литературата. Проблемот е тоа што не го гледаш оној со кој муабетиш, фацилајни изрази, гестикулација, тон, боди ленгвинџ итн. Разноразни фрикови како оние од последната група го знаат тоа и под маската на виртуелността можат да настапат онлајн подобро, нешто што не им оди во фејс ту фејс комуникацијата. Тоа е единствен но и голем хендикеп наспроти запознавањето во живо. Многу е битно како ќе се поставиш, дали имаш искуство во проценка на карактери и како ќе ја хендлаш ситуацијата. Јас од мирц па се до денес имам запознавано луѓе со кои и ден денешен сум во контакт, некои од нив и тоа не малку ми се во најблизок круг на пријатели, кај едниот сум на свадба наредната година, другиот ме покани и му отидов во Берлин каде што тогаш живееше, биле кај мене, сум бил кај нив, сме правеле кафани, частовки, збиранки, седенки во парк... Многу, ама стварно многу му должам на нетот за тоа. Имало и непријатни искуства ама тоа на почетокот кога влегуваав во оналајн водите. Со тек на време се брусаш и нетот ти е само алатка за многу корисни информации и нови познанства.

Ама дефинитивно ако се нема искуство не би препорачал на многу отвореност и безгрижност и ова важи дупло за девојките. Има секакви манијаци, лжови, преваранти, идиоти. Некогаш авторитетот и интелигенцијата знаат да излажат, многу паѓаат баш на таа карта, ако некој делува импозантно, интелигентно и/или фино и дружељубиво не значи дека не е куртон прва класа. И споритвното, оние што делуваат дрско, безобрано и директно не значи дека не се фиљан луѓе, од искуство сум научил дека баш таквите се најдобри, ќе ти каже се што мисли, и ќе ти помогне. Многу повеќе сум пазел од оние што сите ги сакаат, оние екстра фини, екстра забавни, екстра дружељубиви фаци. Сајбер или несајбер, во животов најголемите преваранти биле токму од тој профил-Влегува во кафана со 200 непознати луѓе, и после пола саат веќе сите го сакаат и договараат нови средби со него и криво им е кај бил човеков со сега да се појави. Тие се отров. Да си ја поздравам и старата гарда од форумот иако поголемиот дел од нив се неактивни. Порано стварно имаше и дружба и човечишта.

Џесика, ела бе ќерко појави се на некоја збиранка да ме видиш. Мене како многу смотан гик не ми било проблем да се појавувам на збиранки, па ти ли покусо да остануваш?
 
Брат тепа на некоја си виртуелна љубов... знам дека е слободна, цело време постира у врска со љубов а и слични линкови постира на мјот фб профил... јас не сум и дал такво дознаење дека нешто би се десило со неаа... а таа ми кажува сее...

:tapp: Bog da cuva i da brani...So sto se vie zanimavate...Iskoci u grad,napi se,naduvaj se,fani nekoja kurva,istresi se...Zivi zivot eba ti...;)
 
Ако сакаш да има нешто повеќе од нет допишување тогаш излезете, друг начин нема ... а ако не сакаш врска во живо или врска со неа, не излегувајте зашто кога ќе се видите има шанса да си ја расипете виртуелната слика еден за друг што си ја имате создадено и после никогаш нема да е исто како тие 2 години ...
 
Премногу американски филмови.
 
Еве зошто да не одиш.
А бе нека оде, само така ќе дознае дали е се како што му кажала по нет. Кој е другиот начин да се увериш, ако веќе има некоја поврзаност(а сигурно има, 2 години се пишат). Да ја манијаче и следи, како што некој погоре му предложи? Ма дај не ме заебавајте. Вака ќе изгуби саат време од животот и ништо више. Ќе знае на што е.
 
Marcys_DE

Ако после две години пишување не знаеш што да правиш и се мислиш дали да излезеш на кафе ... седи си, можеш уште некоја година да истераш за да се осигураш дали треба.:)

Убаво ти вика кафето.

Ако после 2 год незнаеш што сакаш тогаш не оди. Ако веќе решиш да се видите прво направи го тоа на скајп. Да се увериш дека таа е таа и обратно. Второ состанокот некаде во јавност, во шопинг центар ти е добра опција. Ако нешто не штима, чао пријатно и тоа е тоа. Ова е добро и за двајцата може и она да се предомисли па полесно ќе и биде да те откачи. Ако се е во ред од таму на кафе и со господ напред.

Интернет денес ти е исто ко на времето корзо или дискотека. Малку се изменија правилата на игра ама факт е дека на нет се повеќе луге комуницираат и е дури полесно да отпочнеш муабет во многу случаеви него во живо. Нормално во живо се се менува ама барем оној прв чекор може да се направи он лајн и не треба тек така тоа да се одфрли.
 
Постојат шармантни и елоквенти момци кои имаат параклазна ситуација дома и на тастатура. е сега, бидејќи во реален живот некако не оди и работата е зарибана, постои цело време, простор и трпение на интернетов, каде што никој не те брзо, никој не те гледа (еден гик убаво ја има опишано ситуацијата), и не го чувствуаш притисокот, онака што ти прави енгзајати, па затоа си многу подобар, поарен, се реализираш. Пошо, ко што вели Алпа Чино, притисокот менува се'. Во реален живот, многу фактори влијаат да те сменат.

Е сега, сум сретнал еден од таквите на собиранка кој под стреја на дожд седеше стуткан ко зимбабвевска банкнота, поздравуајќи се со нововидени момци и девојки изгледаше ко да се запознава со вторите брачеди на невестата од Брајчино. Истиот тој е пар елселанс лик на Форум, прибран, и објаснува за разликите on and off Форум.
 
И јас тоа го викам :)

П.С. Гледаш веќе не се организираат свадби, туку на фејсбук се ставаш во мериед и сите ти честитаат наместо гости да викаш :pos:

Зашто да се ставаш во мериед доколку реално си сингл ... ?!!
Зашто да лажеш без везе нешто што не си, иако е виртуелност сепак треба да се претставуваш горе-доле онаков каков што си без лаги ... што е она претставување постар, помлад, ваков, онаков, пиши си онаков каков што си ... еден мој познаник на фејсбук-профилот имаше пишано дека работи во едно министерство и дека има завршено факс за тоа и тоа а човекот го знам има едвај средно завршено тригодишно и не работи ништо ... хех навистина е глупо човек дури и во виртуелност да се претставува лажно !
 
Ти прво да прочиташ поубаво што сум напишал, зошто одговоров не ти е како моето мислење да го цитираш.

Јас никаде не напишав дека треба ако е сингл да се стави во мериед или пак да лаже...... ТУКУ.......... сакав да кажам дека се повеќе се приврзуваме за компјутерите, па еден ден наместо свадба да правиш во кафана и да викаш гости, ти само се ставаш мериед и наместо гости да викаш сите ти честитаат на фејсбук ;)
 
Ако навистина се ожениш да, смени си го статусот вo мериед и готово ... ќе куртулиш од честитање во живо ... :D
 
Постојат шармантни и елоквенти момци кои имаат параклазна ситуација дома и на тастатура. е сега, бидејќи во реален живот некако не оди и работата е зарибана, постои цело време, простор и трпение на интернетов, каде што никој не те брзо, никој не те гледа (еден гик убаво ја има опишано ситуацијата), и не го чувствуаш притисокот, онака што ти прави енгзајати, па затоа си многу подобар, поарен, се реализираш. Пошо, ко што вели Алпа Чино, притисокот менува се'. Во реален живот, многу фактори влијаат да те сменат.

Е сега, сум сретнал еден од таквите на собиранка кој под стреја на дожд седеше стуткан ко зимбабвевска банкнота, поздравуајќи се со нововидени момци и девојки изгледаше ко да се запознава со вторите брачеди на невестата од Брајчино. Истиот тој е пар елселанс лик на Форум, прибран, и објаснува за разликите on and off Форум.

Малколм, шо е „параклазна“? Го прашав Змејко и он не знае.
 
Имам добар стаж од интернет просторот и исто сум запознал многу луѓе виртуелно.
Искуството ми кажало истото што го кажа Сусаро,дека луѓето што сите сакаат да бидат до нив и се дружељубиви се и нај идиоти.
Мене ме сметаат за нај арогантен,нафуран не знам што како,да така се претставувам на интернет и дел од мене тоа го има во реалност.
Но секогаш сум гледал да оставам добар впечаток кај сите,без разлика колку време не сме се виделе јас сеуште ќе го поздравам и не се правам идиот и фраер како што сите мислат дека сум.
За запознавање на девојки сум запознал многу од кајгана и од интернет.
Нема правила во животот но поранешните искуства ми кажале дека е полесно да се врзеш со некој преку интернет и да му допаѓаш некој слики и утредента те гледа како бог,зашто си му дал до внимание дека тоа што го прави му се свиѓа кај тебе.
Порано бркав секоја и сешто,сега си седам на земја и го работам тоа што го сакам,така да очекувам без разлика какви ќе бидат идните комуникации дали по препорака или по запознавање виртуелно да оставам убав впечаток.
Битно е да си позитивен и да видиш се што е негативно да го направиш во позитивно.
Од многу утки во виртуелниот свет,си признавам дека си најдов нешто што ме привлекува и дека сум смирен за мојата иднина :)
П.С нема правила истражувај.
 
Ако збориме за фејсбук зошто да не... Од таму и всушност многу луѓе имам запознаено и до ден денес држам контакт без разлика што живеат на другата точка на земјата...

Ама се имам и изгорено за женски... Едно на слика друга во живо... Треба пазење, треба да се проценуваат ситуациите али воглавно многу добра работа е ова.. Порано за да најдеш некој другари, пријатели вака така.. Сега имаш search копче и немаш гајле :D
 
Малколм, шо е „параклазна“? Го прашав Змејко и он не знае.

Еми, кизнеј шо ќе да е. Во Припор го користат многу, одма после „свина“ :D

параклаза, го имам среќавано по литература, наша и странцка, Манаковиќ, Андоновски, Јовановиќ, Милевски и останати, ама кизнеј што е.
Појќепати го имам среќавано ко геоморфолошки поим кој опишува спуштање и издигање на блокој во литосфера. Знајш, под разни егзо и ендогени фактори глупости се дешавет.

Кој чита вакво нешто, ојт во џеннет. Ак не, џеннем фатил.
А јас, се праам џек со вакви фенси менси м-р д-р зборој. Кркркр

Абе, види, и геоморфологија да читаш, и то се важи ко литература? Пошо Суси ми вика не... :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom