Зависи во која насока си едуцран.
Ако си учел средно медицинско сосема е нормално да се чудиш како овие од машинско заваруваат.
Јас слушам скоро сфе од музика, но повеќе сум насочен кон електронските музики. Транс слушам активно веќе некои 7-8 години, а и претходно слушаф рејв.
И со драго срце секогаш кога сум во можност одам на транс журки. Многу ми е криво што GMS се во петок во B2. А јас сум на работа и имаме договор со колегите во петок никој да не бара слободен ден, но што е тука е.
Секој има своја музика во која повеќе или помалку ужива.
И за транс би дал и 500 денари за карта, и за ди-џеј за кого допва слушам, а за метал, хммм... тешко.
За BabyGirl и Godfather, баш ми е мило што има природни деца помеѓу генерациите што доаѓаат. За жал ги има и оние што Марко ги опиша.
Јас имам малку такви другарчиња кои на журка гледаат пред се прописно да се издрогираат, и сеуште не можам да сфатам кој им е филмот, дали уживаат во журката или во тоа што се накркани/напушени до максимум (но тоа е веќе сосема друг муабет).
И за крај. Престанаф да бројам колку пати НТШ и АЛФА ме имаат дружено пред и за време на журки, и уште ќе ме дружат иако јас упорно ги разочарувам со мојата чистина на духот и телото.