- Член од
- 14 мај 2010
- Мислења
- 117
- Поени од реакции
- 20
Здраво,
Овие денови имам една идеjа. Бидејќи немам никакво искуство во овој бизнис, а немам никој близок кој се занимава со вакво нешто за да се консултирам со него, решив овде да се консултирам со вас.
Дали би функционирало тоа да јас за одредени фирми во Македонија барам луѓе од странство, дистрибутери, препродавачи на големо (увозници) кои ќе сакаат да ги купат овие производи (производиве што ги прозведуваат фирмиве во Македонија)? Значи да бидеш продажен агент. Да посредуваш во продажбите на македонскиве фирми. Тоа е мојата идеjа.
Потоа, јас да ги поврзам производителот (од Македонија) и дистрибутерот (од странство), а јас за секоја остварена продажба кон овие дистрибутери да имам провизија-процент?
Доколку на дистрибутерот му изгледа интересен производот како од технички аспект така и според цената, ние да му испратиме примероци за тој да го види и да го проба, па потоа ако е заинтересиран да започнеме извоз (притоа треба да го земеме предвид фактот дека јас сум физичко лице)?
Еве да претпоставиме дека сме нашле луѓе од странство кои се заинтересирани да купат од нашиве производи. Најголемиот проблем лежи во тоа што, откако еднаш ќе оствариме извоз, фирмава од Македонија ќе ти го даде делот кој ти припаѓа. Но притоа таа ќе го открие каналот на продажба и тогаш би било многу логично да таа сака да те отфрли од бизнисот. Секако, таа нуди договори кои ние треба да ги потпишеме, но јас лично не им верувам многу бидејќи за мене е многу веројатно да еднаш откога ќе се случи извозот, фирмата од Македонија да води политика за да ме отфрли мене од бизнисот.
Ве молам дадете ми го вашето мислење околку ова. Што мислите, дали ова би можело да функционира? Кажете ми и дали вие познавате некој што се занимава со ваква работа? Каков договор притоа треба да се склучи?
Однапред сум ви благодарен.