Што мислите? Дали оваа претприемачка идеа би функционирала во практика?

  • Креатор на темата Креатор на темата Steve Jobs
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 мај 2010
Мислења
117
Поени од реакции
20
Здраво,

Овие денови имам една идеjа. Бидејќи немам никакво искуство во овој бизнис, а немам никој близок кој се занимава со вакво нешто за да се консултирам со него, решив овде да се консултирам со вас.

Дали би функционирало тоа да јас за одредени фирми во Македонија барам луѓе од странство, дистрибутери, препродавачи на големо (увозници) кои ќе сакаат да ги купат овие производи (производиве што ги прозведуваат фирмиве во Македонија)? Значи да бидеш продажен агент. Да посредуваш во продажбите на македонскиве фирми. Тоа е мојата идеjа.

Потоа, јас да ги поврзам производителот (од Македонија) и дистрибутерот (од странство), а јас за секоја остварена продажба кон овие дистрибутери да имам провизија-процент?

Доколку на дистрибутерот му изгледа интересен производот како од технички аспект така и според цената, ние да му испратиме примероци за тој да го види и да го проба, па потоа ако е заинтересиран да започнеме извоз (притоа треба да го земеме предвид фактот дека јас сум физичко лице)?

Еве да претпоставиме дека сме нашле луѓе од странство кои се заинтересирани да купат од нашиве производи. Најголемиот проблем лежи во тоа што, откако еднаш ќе оствариме извоз, фирмава од Македонија ќе ти го даде делот кој ти припаѓа. Но притоа таа ќе го открие каналот на продажба и тогаш би било многу логично да таа сака да те отфрли од бизнисот. Секако, таа нуди договори кои ние треба да ги потпишеме, но јас лично не им верувам многу бидејќи за мене е многу веројатно да еднаш откога ќе се случи извозот, фирмата од Македонија да води политика за да ме отфрли мене од бизнисот.

Ве молам дадете ми го вашето мислење околку ова. Што мислите, дали ова би можело да функционира? Кажете ми и дали вие познавате некој што се занимава со ваква работа? Каков договор притоа треба да се склучи?

Однапред сум ви благодарен.
 
идејата ти е добра, само ке си отвориш фирма , а ти ке фигурираш како посредник. фирмата од македонија ке ти продава тебе, ти ке им продаваш на странците. и никој нема да знае ти на кој се им продаваш, инаку само ке им завршиш работа на првите што ке ги запознаеш со вторите, и набрзо ке те шутнат.
инаку имаш еден мал проблем, а тоа е пари. ако одиш на ваква варијанта ке ти требаат многу, затоа што се работи за количина.
сигурно не размислуваш за еден два производи туку за цел шлепер минимум. а тој шлеперот треба некој да го плати.
ако имаш веќе сигурен купец, отвори си фирма, земи кредит и терај, ако не не се ни замарај. тоа е за крупни играчи.
 
Интересно,интересно.. е сега колку би финкционирало во пракса незнам..а треба и доста големи квалитети да имаш,за да успееш да пронајдеш,убедиш компанија да соработува со тебе,како домашна ,така и странска.. ми се допаѓа тоа што размислуваш за домашните компании,ја мислам дека само обединети и со здружени сили може да се зголеми извозот на странските пазари (y)
 
Екстремно профитабилна идеја доколку ја оствариш. Ама за да ти успее ти успее ти требаат страшно многу пари, дупло повеќе врски, и овде и во странство и неверојатни преговарачки способности.

Проблемот на нашиве фирми е малиот производствен капацитет. Тој мал капацитет носи многу висока цена, па така имаме странски производи кои после сите платени дополнителни давачки се поконкурентни на нашиов пазар од нашите. Можам да ја замислам конкурентноста на нашиве производи на туѓи пазари. Екстремна цена -- просечен квалитет.

Би успеало доколку најдеш производ со одличен квалитет, од некоја фирма што е водена од креативни дечки. Ама обично тие креативни дечки се доволно способни сами да си организираат извоз и да најдат клиенти.

ПС. Доколку успееш јас ќе почнам да се крстам во тебе, те предлагам за премиер и слободно можеш да им се издереш во лице на сите наши економски промотори и да им кажеш колку се неспособни. :)
 
И Бил Гејтс почнал така и тоа е иднината .

Само можеш да имаш кодоши рецимо сметководител,банка и други служби кај нас малце ќе биде тешко ако знаат дека добро работиш

Значи ДОБАР ПИСМЕН ДОГОВОР и АДВОКАТ СО ХЕБЛА
 
Малите фирми кај нас не се конкурентни во странство плус немаш ќар на нив пошо имаат повисоки трошоци.
Големите фирми веќе си го имаат осигурано пазарот.
Не сакам да те демотивирам, туку само да ти посакам среќа и успех.И ако веќе почниш мислам дека земјоделскиве производи му се мајката
 
Јас познавам една фирма која што функционира подолг период на тој начин каков што ти го опишуваш, кога ќе направиш добра база на купувачи и продавачи тогаш се ќе е супер и мој совет е фокусирај се на нешто на пример на прехрамбени проиводи или било. Слободно контактирај ме доколку имаш некои прашања.
 
Здраво,

Овие денови имам една идеjа. Бидејќи немам никакво искуство во овој бизнис, а немам никој близок кој се занимава со вакво нешто за да се консултирам со него, решив овде да се консултирам со вас.

Дали би функционирало тоа да јас за одредени фирми во Македонија барам луѓе од странство, дистрибутери, препродавачи на големо (увозници) кои ќе сакаат да ги купат овие производи (производиве што ги прозведуваат фирмиве во Македонија)? Значи да бидеш продажен агент. Да посредуваш во продажбите на македонскиве фирми. Тоа е мојата идеjа.

Потоа, јас да ги поврзам производителот (од Македонија) и дистрибутерот (од странство), а јас за секоја остварена продажба кон овие дистрибутери да имам провизија-процент?

Доколку на дистрибутерот му изгледа интересен производот како од технички аспект така и според цената, ние да му испратиме примероци за тој да го види и да го проба, па потоа ако е заинтересиран да започнеме извоз (притоа треба да го земеме предвид фактот дека јас сум физичко лице)?

Еве да претпоставиме дека сме нашле луѓе од странство кои се заинтересирани да купат од нашиве производи. Најголемиот проблем лежи во тоа што, откако еднаш ќе оствариме извоз, фирмава од Македонија ќе ти го даде делот кој ти припаѓа. Но притоа таа ќе го открие каналот на продажба и тогаш би било многу логично да таа сака да те отфрли од бизнисот. Секако, таа нуди договори кои ние треба да ги потпишеме, но јас лично не им верувам многу бидејќи за мене е многу веројатно да еднаш откога ќе се случи извозот, фирмата од Македонија да води политика за да ме отфрли мене од бизнисот.

Ве молам дадете ми го вашето мислење околку ова. Што мислите, дали ова би можело да функционира? Кажете ми и дали вие познавате некој што се занимава со ваква работа? Каков договор притоа треба да се склучи?

Однапред сум ви благодарен.

Имаш доста конкуренција искрено, бар од тоа шо гледам јас, пошо како и да е мораш да почнеш прво со бркање работа низ нашава држава, рецимо од едно место земаш со 20% попуст, продаваш 5% поскапо остваруваш 25% профит без трошоци. Ама, вакви има многу, скоро секој втор дуќан во државава така функционира, а бидејќи ти сакаш со странство имаш еден куп пречки, граници, царини пичке материне, од старт прво ти требаат сигурни луѓе, некој кој нема да те јебе за да ти земе пари на граница, после тоа ти требаат еден куп пари, затоа шо како што наведоа луѓево погоре мораш да работиш со големи количини, еден шлепер е малку, трето, треба да се убиеш од бркање луѓе, тоа е ствар што сака контрола, еден куп психологија, и искуство. Фората е во тоа што ако сакаш да ги задржиш конекциите значи дека на едната страна не треба да и ја откриваш другата и обратно, што значи дека двете можат да вршат монопол врз тебе, рецимо едната страна ќе договори другата ќе договори ти ќе договориш, и еднава ќе те јебе за повисока цена пошто знае дека тебе бизнисот ти зависи од извршени трансакции, и ти ќе мораш да се сложиш ако не сакаш да го изгубиш контактот со другата страна. Профитабилно е екстремно, не викам не, ама и многу ризично, и тешко, и многу треба да инвестираш, што ако пропаднеш, си го ебал ептен ежот.
 
Како прво сакам да ви се заблагодарам на сите што за многу кратко време добив многу мислења.

Како прво сакам да кажам дека јас немам искуство во оваа работа. Јас веќе имам најдено производи кои ќе ги продавам, цени по кои ќе ги продавам, пазари на кои ќе продавам, фирми од кои ќе ги откупвам овие производи и мои клиенти кои се заинтересирани за да ги купат овие производи (но со цел да ја зачувам мојата приватност не би навлегувал подетално за кои производи станува збор). Ако регистрирам фирма и да почнам со извоз на своја рака, тоа бара големо искуство. Според неколку разговори што ги имам остварено со бизнисмени чие искуство не е за потценување, за ова е потребно големо искуство и добро познавање на работите (а јас тоа го немам).

Сепак овој период повеќе размислувам за тоа да бидам продажен агент на оваа фирма и да ми исплатуваат процент од вредноста на извозот. Но, за тоа ми треба некоја гаранција, некој договор со кој јас ќе бидам 100% убеден дека ќе ми се исплати мојот дел од секој извезен производ.
Бидејќи јас не познавам никој близок кој го работи ова и би можел да ми помогне, не знам што би послужело во овој случај како гаранција. Доколку на форумов има некој правник, слободно може да го каже неговото мислење.

Значи ве молам дајте ми совет за тоа што може да ми послужи како гаранција во случајов.
 
pa ako mozes da izvedes da napravis dogovor i so ednite i so drugite za odredena provizija
dogovor so MUDA da mozes da imas preglednost vo sekoj moment sto pravi firmata i so kogo sorabotuva
da mozes da ja iskontroliras situacijata vo firmite i da imas ekskluzivno pravo za sorabotka pomegu ovie firmi na sto ke zarabotuvas
ama pazi i tuka ima edna ebavkanka
ke si otvoram uste edna firma i ke si ja svrtam samo robata od ednata na drugata firma i pak ke izvrsam izvoz na robata
UFFFFFFF teska e
eventualno ako nemas 100% doverba a toa e mnogu tesko na ovaa denesnica
 
Јас ја имам разработувано оваа идеја, како услуга и наидов на истиот проблем на кој ти закочи. Како ќе ја наплаќаш долгорочно таа соработка. Сфатив дека оваа идеја може да се реализира само како еднократна услуга за која наплатуваш пари при склучен договор. Значи отвараш фирма за услуги во посредништво, склучуваш договор со фирма извозник и ставаш цена за наоѓање на странски партнер. Нешто како фиксна цена. Добивката ќе биде зголемена доколку ти овозможиш пласман во повеќе држави, а сумата нема да биде симболична туку треба да ти извадиш годишна премија за да опстанеш.
Вториот проблем на кој наидуваш (јас размислував во насока на земјоделски производи) е недоволното количество кое го произведуваме.
Никој нема да ти дава процент од продажба долгорочно, ако треба ќе го прекине договорот и правно ќе те исфрли од игра. Потоа ќе склучи нов договор (дали под друго име на фирма,итн,итн).
И не е само извозот размисли во насока на увоз на репроматеријали за нашиве компании. Моментот Грција е вистинско време да се започне овој бизнис. Сите бараат супститути настрана. Плус можеш во пакет да доставиш и транспорт на производот, значи целосен пакет да понудиш за нашиве со најниска цена. Нашиве несакаат многу да се мачат.
И за крај мило ми е што некој размислува во оваа земја, ако ти требаат идеи, совети и информации за фирми во Македонија, тука сум.
 
Тоа е тоа во кратки црти се е претприемаштво но проблемот што кај нас нема професионална дискреција и не се цени ангажманот ,алчноста е голема и кај производителите и претприемачите и станува хаос а на запад ова барем е решено правно.

Но да не се лажеме секоја фабрика или фирма во интерес е да имаат претприемачи ем полесно за нив ем подобра подршка и поширок круг.

Замислете јас да работам во Интел и да хакнам некоја информација за некој процесор идам у апсааана без око да им трепне.
 
Не е алчност тоа, чист бизнис. Ако веќе немам корист од тебе ќе те шутнам. И не гледам зошто некој долгорочно би ти давал процент за своите производи и ресурси кој ги троши.
Услугите се иднината, кај нас времето е созреано за тоа.
 
Затоа има писмен договор и ако сме правна држава ќе мора да се почитува производ или услуга исто и во ЕУ ако си многу алчен Леандра возиш скупа кола и се правиш фраер и паметен сакаш да ги експлоатираш претприемачите и твоите бизнис партнери можеш да завршиш у була.

21 век сме нема веќе нема продавање муда за бубрези за секого има леб.
 
Во светот услугата се плаќа исто и овде. Значи дечкото за да му пронајде некому бизнис партнер ќе си наплати да речеме 5 000 евра. За истиот тој производител утре ќе најде друг бизнис партнер има многу држави во светот нели :)
Потоа ќе најде друга фирма и така натаму.
Али некој да ти плаќа процент цел живот тоа не е возможно:) Стави се во позиција на производител и размисли дали ти би му плаќал некому цел живот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom