Што ли треба да се случи, за да им дојде паметот?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
имам сеуште мотор сум возел највеке до 100кмпх и ниедншка не сум паднал ни па има гребатинка од мене,исто како тебе поради невнимателност на други честопати сум се извлекувал од незгоди но ниедншка не сум направил нешто лошо со моторот.
Хехе, ме насмеа сега. Или јас и ти не се разбираме баш добро или сакаш да кажиш дека во двор имаш нешто што е 4 цилиндри има околу 100 кс и ти не си го возел повеќе од 100 км/ч?

Ако е она второто, секоја чест. Како си издржал. Ако е она првото... имаш малечок мотор, и не си го испробал која му е максималната. Како и да е, за низ град е доволно и мало моторче и те разбирам. Мада неможам да кажам дека и јас би го правел истото. Да имам четирицилиндрична машина, за 2-3 месеци ќе се најди доволно отворен пат кај што ќе можам да испитам колку и е крајната брзина. Шо да прам, зависник сум од брзини, мада не возам брзо со кола.

Инаку јас сум паднал неколку пати, најлошо поминав ко паднав без кацига во зима...

п.с. Еве што се деси пред МАНУ. Најверојатно и тука мотоциклистот е виновен?
motorr3-600x400.jpg
 
Што ли треба да им се случи за да им дојде паметот? Да загинат! покрај нив може да го крка и нивниот сопатник....
кога ќе им дојде умот? НИКОГАШ, можеби дури ни тогаш
 
Не е само со мотоциклистите, кај мене на улица во 4 сабајле пред едно месец дена еден дваесетгодишен со Цитроен и уште тројца со 200 на саат се слупа во паркирано комбе, не сакате да знаете какво беше местото на настанот во радиус од 500 метри.
Не да се аздисува, лом се прави. И најтрагичното е што постои селективно казнување, тие што знаат дека нема да се казнети и пријавата искинета си аздисуваат, на тој што му фуфка, си вози ко бубачка.
 
А зашто конкретно само за моторџиите се однесува ова? Не се само они што треба да се вразумат и контролираат...
 
пред 5-6 дена кај мене пред влез се деси несреќа , му помина мачка пред пат и овој да ја избегне падна и човекот лежеше на земја 5-6 минути дур да дојде брза помош ..ама според мене возачот е крив дека возеше преку 60 и нешто на место каде што ограничување е 30 , :tapp:(n)
 
Не се само моторџиите виновни. Да оди и со 60 км/ч ако се најде будала да му излезе од споредна, пак може да загине. За момчето од Бутел (лесна му земја), ја видовме сообраќајката али не се сеќавам дали му излезе кола од узгорницата од Бутел 2 или од лентата во спротивна насока (таму има некоја минираскрсница) Енивеј, од узгорницата се симињаат коли како да го ослободиле Скопје, а на минираскрсницата е многу непрегледно -ако сакаш да свртиш лево, мора ради дрвата да подизлезеш на половина трета лента за спротивна насока (ситуација со дрвата како прва партизанска). Проблем во тој случај се идиотите кои ги уредуваат сообраќајниците. Кој толку паметен му текна да засади дрва во средина на булевар...не можеш да видиш ни пешак пред пешачки ни кола ако сака да врти лево. Ако сака дрва, ене му го Водно и Матка..уште кокошки да стават измеѓу па да се осеќаат како дома.
Бутел 2, Битпазар па и Партизанска пред црквата и Буњаковец откако посадија дрва и треви, станаа многу непрегледни места.
Проблем е и немањето полиција на терен кои ќе ги казнат возачите кои лошо се приклучуваат на булеварот и ќе ги казнат моторџиите кои возат пребрзо (мада и споро да вози, ако не го бива...не го бива). Од апели и добри желби нема чаре.
 
Кога ќе се исцица адреналинот од брзата вожња тогаш и моторџиите ќе престанат да возат така како што возат.Што претпоставувам ќе се случи кога сите ќе се возат во летачки автомобили како во The fifth element.
 
Кога ќе се исцица адреналинот од брзата вожња тогаш и моторџиите ќе престанат да возат така како што возат.
Констатацијата ти е 100% точна. Или во превод никогаш...

Еднаш моторџија, секогаш моторџија. Тоа е клин шо само оди подлабоко и подлабоко. Ене го татко ми, и на 50 години истиот е. Не одбива возење со мотор :)
 
Da im se zemat vozackite na decata, 60% od zenite da prepolagaat uste ednas i kraj za penzionerite! Na setovova pod itno edna kampanja i kazni od 500e kako trgna rabotava sekoj den ginat po dvajca na patista i toa na edniot drug mu presuduva!
 
Ај да разјасниме неколку поими кои се неминовно врзани за оваа тема.

Моторџија или пак мотоциклист кој активно и подолг период управува морцикл или пак го користи како сезонско превозно средство никој пат нема да лудува на 2 тркала или пак „да се прави фраер“ за да го заврти вниманието кон себе. Како што спомна Џиш, присебноста е пресудна за безбедно управување со мотор. Од аспект на еден од поискусните мотоциклисти, морам да ви кажам дека постојат начела и принципи за безбедно управување мотоцикл. За жал, најчесто дечишта рипаат од точак на скутер и од скутер од 50 ццм на пр. на спорташ од типот на Ninja, CBR, GSXR, R6....а без предходно самите тие или пак некој друг да ги запознае со принципите и начелата за безбедно возење мотор. Во еден од наредните денови ќе се обидам да пронајдам и постирам извадоци од начелата за безбедно возење мотор бидејки сметам дека е тоа неопходно и корисно за сите кои веќе возат (за да се подсетат) а посебно за оние кои почнуваат или пак имаат намера и желба да почнат да возат мотор.
И ќе ве замолам, „паметот“ не треба да дојде само кај они на 2 тркала. Веројатно многу повеќе треба да дојде кај оние со 4 и повеќе тркала зашто се однесуваат како ние, мотоциклистите да не постоиме...или пак не сакаат да постоиме.
За таа цел пред 2-3 години Guardian Angels поведоа кампања која се викаше „Погледни 2 пати, спаси живот“ која колку што знам е сеуште актуелна, но за жал изгледа дека замре зашто воопшто не забележувам активности како на почетокот
moto_tour_mariovo.jpg
 
Кога ќе се исцица адреналинот од брзата вожња тогаш и моторџиите ќе престанат да возат така како што возат.Што претпоставувам ќе се случи кога сите ќе се возат во летачки автомобили како во The fifth element.

Сето тоа е во ред, но има места каде може да испробаш брзини а не во град каде ја загрозуваш безбедноста на другите. Не само со мотор, туку со било што. Еве јас ќе ти кажам кај мене во град како е. Кај нас има само една главна и прометна улица, од едниот до другиот крај на градот и нема некои кривини. Е сеа проблемот е што навечер се фура по улицава. Пред 2 недели со едни другари се враќавме накај дома и еден прелетува со колата, губи контрола и се изврти на тротоарот точно спроти нас. Значи ако одевме по таа страна сега немаше да пишувам јас тука. Јас ја разбирам таа потреба од брзина, и јас сакам некогаш да се издувам, ама не во градот. Има еден стар автопат каде никогаш не минува ништо. Таму оди и издувај се. Повеќето го прават тоа. Сега знам дека и улични трки се одржуваат таму. Got my point?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom