Последната ,,тепачка" ако можи да се наречи сум ја имал некаде во седмо одделение. Другарче од класот ми окара сестра, па така фино сум го нашлакаш што на крајот ми падна жал оти го подрасплачив, па му се извинив.
Инаку последен пат каде сум се воздржал од физички контакт беше пред година дена каде одејќи по пат со девојката и една нејзина другарка, едно батенце на оддалечност на 20 метри ми рече педерче. Сум подзастанал в место каде да бидам искрен ми навре мисла да му се привратам, но девојката и девојчево ме премолија да си продолжам по пат, демек наводно пијано било детето.
И си одам така фино дома за некој половина час. Добивам контакт од фејсбук профил, го додавам и му пишувам на тоа чат. Најпрвин ми вика да, да реков, имаш нешто против, опнато у пм

И му прам филм, имаш му велам две три опции. Првата ти е, фино лепо да ти пукнам една тужба за навреда кај шо че си платиш на судчето парички. Втората ти е ако не ти се бендисува првата, да си дојдиш со покана в полиција пошто можам да си го дозволам нештово а таму чоеците не се баш нај на, и третата работа ти е дека нема трета работа, бирај шо сакаш.
И после ми пишува: Абе другар да не си ме помешал со некој?! Јас не бев таму, овде на рид бев си седев жими мајка ми. И му викам, не сме деца, единствено шо барам е да ми се извиниш и ништо повеќе. Ама не бев јас, вака така. И на крајот ко попче се извини и ден денешен кога се разминуваме со наведната глава, усрамен си поминува. Шо значи муабетот ми е , лесно беше да се оствари физички контакт, но прагот на толеранција го чувствувам како да ми е на некое добро високо ниво. Решение не е тепањето. То може да биде привремено решение. Некогаш јесте, има ситуации каде е неминовно, но тие мора да бидат многу малку, исклучителни ситуации каде во делот од секундата можеби и нема некое решение. Секогаш промисли како може да се реши една работа. Ако е за тепање со боксирачи, курци палци, еве дома во фиокава ми стој боксирач со запци кој не е никогаш искористен, не ни планирам да го користам. Си имам и мало пиштолче плашливец

од тие кои само слушаш звук и гледаш тро оганче, а не чинат штета. т.е не знам кај ми е, сигурно е некаде во куќава, бидејќи како мал се распукував онака од личен мерак.