Ауф кажувам и што мислам и што не мислам,побудалувам тотално ... Во последно време пробувам да се исконтролирам затоа што ако сега не се навикнам на тоа,понатака па ич
Не сум баш пријатна кога некој ќе ми се качи на глава.Ама затоа имам коњски нерви..трпам и трпам и толерирам до одредена граница, ама кога ќе ми пукне филм...едноставно полудувам и плескам се, ама буквално се...Е сега пробувам бар малце од малце и тогаш кога ќе ми пукне филм да се контролирам
Хмммм,интересно прашање...кога ми дојде се преку глава кажувам се што не мислам,сите ми се криви па дури и телефонот го засукувам во кошето:pos2:...се испокарувам дома со сите и ја лупам вратата.Понатаму и да не продолжувам.
Лупам врати, лупам компири, се дерам гласно, пеам со инает во гласот, фрлам ѓубре, јадам благо, трчам по Кеј ама не рекреативно, чистам компулзивно и на крај поминува.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.