Дали е ваков само со тебе, или и со поблиската и поширока околина (друштво, роднини, пријатели)? Дали е скржав и за своја душа...? Ако е, бегај што подалеку од таков, бидејќи не е можно да се промени!
Скржавецот има релација само со своите пари, тоа му е единствено ментално, емоционално, па и сексуално задоволство во животот. Каква жена, каква црна љубов....исто како шмизлите што свршаваат на џипови и коли, е така овој у себе си брои парички, и колку повисоко салдо на сметка, толку е тој поголем маж.
И не, не се работи за кафе (нити тој ќе осиромаши од едно частење, ниту ти пак ќе се збогатиш, силните пари), туку за ОСЕТ. Некој го има, некој се учи со тек на времето како да се однесува, а некој богами се раѓа и умира говедо. Тука помош нема.