Што кога би биле повторно млади?

Гледам некои моја генерација и помали коментираат што би смениле кога би биле млади а јас тука седам, млад и си продолжувам да правам грешки и ризични потези додека може да бидат само мои и да не штетат на некои други. Кога ќе бидам навистина постар, е тогаш ќе размислувал што би правел кога би бил млад.

П.С. И во Ѓорче се вика џамија играта.
 
Повеќето 20 и кусур се жалите као демек мислите дека сте подостареле прерано а врска немате.
Моментот кога животот ќе ве прегази со сите свои милости и немлости, кога егзистенцијата ќе ве сведе исклучиво на вашите одлуки без мама и тато да ви прават поткрепа, као и да бидат единствената причина за вашиот „бунтовнички“ живот. Кога ќе одлучите да живеете и ќе живеете еден живот на самостојност со отворено поле за размислување дали би вклучило тоа и животен сопатник, тогаш би ве прашал за староста која демек ве имало прегазено на 20 години.
Неретко сум го искусил прашањево за враќање на времето назад (некои 5-10 години ако така гледаме) но искрен да бидам, не би посакал. Затоа што знам дека сеуште ништо не знам. А сакам да знам што повеќе. Никогаш доволно онолку колку би ми формирал само позитивни утопистички погледи на светот. Као демек тоа што сум имал лошо детство автоматски појдувам до помислата да го сменам. И ако го сменам? Then what? Траумите демек нема да видат толку силни? А што ако ете ги доживеам подоцна? Некои негативни бразди што ги има нанесено животиштево полесно се пребродуваат ако се прележани во поран стадиум. И за тоа треба човек да е благодарен донекаде. Но и треба да се потруди да не го загуби движечкиот дух, оноа што го дефинира како единка. Да не заборави кој бил, без трошка каење.
 
За разлика од тебе јас имам убави спомени од времето поминато во школување.
Предавања,,,, дружење за време на паузите, ... кафе во бифе.... или пиво....за појадок бурек... чорба
Навечер, кино.... театер, опера,, прошетки
Одење во диско, муабети, шеги и вицеви....
Дружењето со млади, сите се млади околу тебе, многу млади другари
И надеж ... сите бевме полни со надеж за убава иднина
Не сите имаме добри спомени од факултет. Некои сме биле толку сиромашни така што театри, кафиња и кина биле мисловна именка.
Ако си сиромав и студиите можат да ти бидат како во песните на Рацин. Стани, туткај се на предавања, виси над книгите скукален, јади нешто набрзина и легни на некој смрдлив душек. Ако си сиромав студент кој едвај ли има за јадење вакви се студиите. Но пуста суета, кога си млад и наивен трпиш мислејќи дека еден ден ќе си богат, облечен во костум, почитуван дрн дрн.

Не сум толку стар колку што се бара во воведот на темава, но да ќе се сложам со Снеуи и јас да имав малку повеќе памет во главата никогаш немаше да одам ниту средно ниту факултет. Ќе се женев уште одма и на работа. Физичката работа е далеку далеку поподнослива отколку сите стресови и понижувања кои мораш да ги трпиш надевајќи се дека еден ден ќе начекаш добра работа со која ќе си дел од средната класа. Па потоа треси се дали фирмата ќе пропадне или не.

Но нели по слави треба да им кажиш на тетките дека си на факултет, која година си, каков просек имаш, дека си нашол работа во струката, дека не се мачиш.
На луѓето кои се одлучиле да не одат на факултет иако направиле попаметна одлука се гледа во најмала рака со сожалување. А кога си млад немаш информации да можеш да сфатиш некои работи.
 
Има, ама со кого ќе се дружиш ако не студираш?
Додека студирав се дружев со студенти и професори.
Зарем подобро ќе беше да се дружев со зонаши?
Ќе се дружиш со кого сакаш да си се дружиш, со луѓе кои за тебе се пријатни. Зарем студентите и професорите се некоја посебна категорија, пријатна за дружење, посебно денес, секој може да биде студент и професор. Што ќе правиш побогу човече со студенти и професори? Ќе филозофираш? Повеќето од нив се исплашени од животот и само теоретизираат и зборат, ретко кој има гз да направи или проба нешто ново или недај боже забрането и забавно па макар и погрешил.
 
Седам, читам читам читам. И пошо и ја сум 20 годишен лигуш али со 21 ќе кажам: Од се што ми се издешавало би сменил само еден момент, една сообраќајка, еден дел од секунда.

Остатокот, мамето, сите глупости што сум ги направил (за кои на некој и 3 животи малку ќе му се да ги направи) не би ги повторил, БИ ГИ ДУПЛИРАЛ!
 

На кој член/пост се однесува твојот пост?

На кој начин и со кои факти ти си тој кој треба да не` подучи за тоа КОГА и КАКО се случува созревањето/остарувањето?

И отстрани ги во своите постови зборовите "оноа" и "појдувам", не се дел ни од литературниот јазик, ни од дијалекти. :)

Имам чувство дека кај и да пишам, твојот пост ќе биде во следните 5 и ќе биде индиректен одговор на мојот пост. Значи и без да сакам да те читам, ако проверам тема во текот на ден-два откако јас сум пишала, обавезно, скоро без исклучоци, има твој пост.

Созревањето и остарувањето се индивидуални процеси, исто како што се` е индивидуално. Тоа што јас се сметам себе за прерано остарена е од причини кои сe (погодувате кој збор ќе го пишам) индивидуални, така што едноставно јас така размислувам.
Во принцип, јас и без проблемите кои ми се случија изминативе години и кои ме извадија од колосек, отсекогаш сум била такозвана "стара душа". Секогаш пред некои игриви работи (жмурки, карти, монопол, идење на бесцелни забави, праење глупи заебанции) сум ја ставала желбата да разговарам за релативно сериозни теми, или едноставно да бидам со пријатни луѓе, природа, книги, филмови.
 
Бараниот животен стаж, како и повеќето што пишале овде, го немам, ама не сум ни дваесетгодишен лигуш.
И, што кога би бил повторно млад?!

-Веројатно некои работи би ги сфаќал помалку сериозно и обратно, би бил повнимателен таму каде што сум зафркнал. Би побрзал или би успорил, во зависност од околностите.

- Веројатно би ја искористил секоја шанса добиена во тие (помлади) години за да исполнам одредени цели.

- Би поминал многу повеќе време со некои драги и убави луѓе.Малку ги сретнав во животот, а премногу од нив заминаа прерано, меѓу кои и татко ми. Би се вардел од луѓе-пијавици и од гомнојадци.

- Многу повеќе би размислувал за својата иднина.

- Би се обидел да напишам некаков роман, или барем расказ, чисто за себе, за да исполнам некои сопствени потреби (кои, верувам, немаат некоја голема поврзаност со суетата).

- Пак би се заљубил :X3:, љубовта е поинаква кога имаш 15 години

- И уште безброј, безброј нешта

Но најверојатно, таков каков што сум, пак би бил истиот, со сите свои мани и евентуални доблести. Пак би ги правел истите грешки и глупости :). Дури и во тоа има некаква убавина.
 
Сите сакате да бидете на мои години. Епа, љубоморете.

Како не, сите сакаат да се на моите години, сите од овде. :D

За 15-20 години ќе ви пишам и јас
 
Уствари лесно е ова.
Идеш у МВР им викаш да ти сменат година на раѓање у лична карта, пасош и возачка, праиш restart и опет си млад. :icon_mrgr:
 
Еден период го имав ставот дека сите постапки ги правиме свесно, според нивото на созреаност на паметот и емоциите, и дека не треба да жалиме за она што сме направиле. Едноставно така сме или толку сме можеле да размислуваме. Затоа последиците се нарекуваат искуство потоа. ;)
А сега, е сега, ако повторно бидам помлада ( под 27 год. да речеме), ќе си бидам малку поупорна за некои нешта кои им дозволив онака да ме одминат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom