Бараниот животен стаж, како и повеќето што пишале овде, го немам, ама не сум ни
дваесетгодишен лигуш.
И, што кога би бил повторно млад?!
-Веројатно некои работи би ги сфаќал помалку сериозно и обратно, би бил повнимателен таму каде што сум зафркнал. Би побрзал или би успорил, во зависност од околностите.
- Веројатно би ја искористил секоја шанса добиена во тие (помлади) години за да исполнам одредени цели.
- Би поминал многу повеќе време со некои драги и убави луѓе.Малку ги сретнав во животот, а премногу од нив заминаа прерано, меѓу кои и татко ми. Би се вардел од луѓе-пијавици и од гомнојадци.
- Многу повеќе би размислувал за својата иднина.
- Би се обидел да напишам некаков роман, или барем расказ, чисто за себе, за да исполнам некои сопствени потреби (кои, верувам, немаат некоја голема поврзаност со суетата).
- Пак би се заљубил

, љубовта е поинаква кога имаш 15 години
- И уште безброј, безброј нешта
Но најверојатно, таков каков што сум, пак би бил истиот, со сите свои мани и евентуални доблести. Пак би ги правел истите грешки и глупости

. Дури и во тоа има некаква убавина.