Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Прегледај го приврзокот 248475

@shumecha.tableta

Не успеав да најдам бел вински оцет. Исто и ќе ме мрзи да направам лепчиња, затоа зетов готови тортиљи.
Месото е свинско каре, се мислам да го испечам цело парче и после да сецкам од него.
И помфрит ми остана за купување...
Е па прехрамбениот е алкохолен, таман си. :D
И свеж копар штом си нашол, сигурно повкусно ќе е.
Тортиљите можеш или во тавче да ги запечеш со малку масло на рингла, или во рерна на најјако со зачини и масло, за покрцкави.
 
А месово како да го приготвам, ќе немам време да го маринирам и така да отстои...

Да го испечам цело и да го сецкам?
 
А месово како да го приготвам, ќе немам време да го маринирам и така да отстои...

Да го испечам цело и да го сецкам?
Па поубаво и помеко ќе биде само да го пропржиш малку, па после да ставиш да се пече... Ама ако само го печеш стави вино или коцка супа ако имаш, или повремено полевај го со топла вода да не биде тешко за џвакање... мислам поубаво под фолија да го печеш, па пред крај да ја извадиш.
Поретко спремам месо, обично е мелено или пилешки стек.:angel:
 
Па поубаво и помеко ќе биде само да го пропржиш малку, па после да ставиш да се пече...

Или ова, или земи свари го првин па пржи го после.
Ставаш вода од прилика малце над месото во тенџерето каде ќе го вариш,повремено додаваш вода затоа што месото ќе ја впива водата.
Од прилика во цел процес додавам 3-4 чаши вода.
Откога ќе омекне не додаваш повеќе вода туку малце масло за да се пропржи. Додека се пржи можеш да додадеш зачини.
Овој процес ќе ти даде екстра меко свинско а и тоа ти треба за врапови, да можеш да го распоредиш убаво за кога ќе го ролаш полесно да ти е.
 
Обратно, ако веќе се вари/динста прво ќе го запржиш на јак оган, малце масло и да де запржи кратко на сите страни односно да се створи така наречената Маилард реакција(зацрнување на месото) таа реакција го дава вкусот на месото и тоа што ќе остани на дното ќе се доразложи во додатен вкус на бујонот, сакаш ставај коцка после сакаш домашен бујон, се по свој вкус. Битно месото да е суво пред да се стави на оган за да не испарва вода за џабе во садот а со тоа и нема да се запечи како шо треба.
 
Уште некои ситници треба да додам во салатата, башка дресинг, шо не се готови од сега и во глобала мијл преп вака вечерно.
2020-04-30 10.29.37 1.jpg
 
Петок е, нема гравче, риба има. :ROFLMAO:
Маринирана скуша и ослич. Сол, вегета, мадонос, лук, лимон, сенф, масло, црн бибер, ѓумбир, оригано...
IMG_20200501_171139_715.jpg
 
Char Siu (Chinese BBQ Pork)
Карамелизирано кантошко свинско месо со кинески шпагети.
KB6.jpg

............
............

KB.jpg

KB1.jpg

KB2.jpg

KB3.jpg

KB4.jpg

KB5.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom