Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
@Дињата на Анчо, чекаме рецепт за ова над мене... :)



Летна манџа со овчо сирење


Свежи зелени пиперки се сецкаат ситно и се пржат дури не омекнат, а потоа се доаваат патлиџани лупени и исечени на парчиња и на тивко се пржи све, дури не испари водата од патлиџаните и не остане на зејтин (се става меѓувремено малку лук,вегета, сол)...
Неколку минути пред крај се ставаат матени јајца и се меша убаво...
Се сервира со овчо сирење...

14102124_1258182994215872_1211602798_n.jpg
 
@Дињата на Анчо, чекаме рецепт за ова над мене... :)



Летна манџа со овчо сирење


Свежи зелени пиперки се сецкаат ситно и се пржат дури не омекнат, а потоа се доаваат патлиџани лупени и исечени на парчиња и на тивко се пржи све, дури не испари водата од патлиџаните и не остане на зејтин (се става меѓувремено малку лук,вегета, сол)...
Неколку минути пред крај се ставаат матени јајца и се меша убаво...
Се сервира со овчо сирење...

Прегледај го приврзокот 154926
Тесто:
6 јајца
18 лажици шеќер
18 лажици брашно
Пециво и ванила
Прелив:
0.5л млеко 3.5%
0.5л слатка павлака
500гр Крем од карамел
Треба и млеко во прав ама не ставив, доволно е со овие два вида на млеко.
Испеченото тесто откако ќе се излади се прелива со ладно млеко и слатка павлака кои претходно се исмешани со лажица. На крај се премачкува со карамел.
 
Полнет модар патлиџан.
Ситно сецкан морков, запржен на маслиново масло, додадено лукче, печурки и меснатиот дел од издлабениот патлиџан.
Се полни модриот патлиџан со смесава па се пече околу 30 минути на 200 степени.
Превкусно е. (y)
IMG_20160828_153440.jpg
 
Палачинки со домашен џем од сливи и ванила

14172057_1264940356873469_1517514602_n.jpg 14171918_1264940613540110_1399164582_n.jpg

За смесата за палачинки се знае: пола со пола млеко и кисела вода, брашно, јајце, лажичка шеќер и сол ...Се мати со миксер и се пржат во загреана намастена тава...
 
Јас се решив благо да направам и гледаш грми снемува струја...ама ете бидна едвај :D

95b1cb2641b4d1e78dcf17e4c187c205.jpg


Sent from my SM-J200H using Tapatalk
 
Пиперки полнети со: урда, маслинки ситно сецкани, патлиџан, магдонос, лук во прав, многу бибер, мајчина душица, малку морско оревче, чили во прав и малку сол. Се печат во пиво околу 250мл. Слика кога ќе бидат готови ќе објавам во вегетеријански рецепти.

IMG_4491.JPG
 
Свеж колбас со лук, варен во пиво и пржен во остатокот (без да пукне) со лебче со лук.



14453994_10208511108553392_1408385860_o.jpg

14454011_10208511108633394_1292540013_o.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom